Разбиена група што продавала лажни ковид тестови


Одделот за криминалистичка полиција во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Тетово и Куманово денеска изврши претреси на 11 локации и приведе седум лица под сомнение за продажба на лажни ковид тестови.

Како што соопшти МВР, при претресите се одземени мобилни телефони, персонални компјутери, лап топ компјутери, мемориски картички, 118 бланко договори, 13 пополнети со различни податоци, четири негативно пцр тестови, печати, факсимил од австриски нотари друга документација.

По документирање на случајот, до надлежните обвинителства ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 378 од Кривичниот законик за фалсификување на исправа.