Фатени двајца бегалци од КПУ Идризово, ќе бидат вратени во затворот


 Полициски службеници денеска во Скопје лишиле од слобода двајца бегалци од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувале затворски казни. Од МВР соопштуваат дека лицата ќе бидат спроведени во казнено-поправната установа за доиздржување на казните. -Денеска околу 15.45 часот на ул.„Орце Николов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението …

Фатени двајца бегалци од КПУ Идризово, ќе бидат вратени во затворот Read More »

Затвореник од Арачиново тешко повреден во сообраќајна несреќа


Мотоциклист кој бил затвореник во Идризово е тешко повреден во сообраќајка во Скопје.  На 29.05.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, …

Затвореник од Арачиново тешко повреден во сообраќајна несреќа Read More »

Мигранти се степале во Кумановско, еден до смрт избоделе со нож


Денеска, во 6.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот починало. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка …

Мигранти се степале во Кумановско, еден до смрт избоделе со нож Read More »

Ограбена обложувалница во Ѓорче Петров


Минатата ноќ била ограбена спортска обложувалница во Ѓорче Петров. -Денеска (29.05.2023) во 01.25 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана од вработениот одзело пари, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(Видео): Загина возач во тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани


Од 12.50 часот во прекин е сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани поради сообраќајна несреќа. Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот меѓу две товарни …

(Видео): Загина возач во тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани Read More »

Измамиле граѓани продавајќи им празни цедеа за учење странски јазици


Единицата за внатрешни работи Одделението за криминалистички работи Карпош при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) и Д.В.(36), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“, казниво по чл. 247 и кривично дело „посебни случаи на фалсификување на исправи“ казниво по чл. 378 од Кривичниот законик. – Имено, во координација …

Измамиле граѓани продавајќи им празни цедеа за учење странски јазици Read More »

Претепан судија на фудбалски дуел од детска лига во Скопје


Завчера се случи голем скандал на еден од терените на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во тренинг-центарот „Петар Милошевски. Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека две лица го истепале судијата по натпревар во детската лига, а тоа се случувало пред очите на десетгодишни деца. -На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека …

Претепан судија на фудбалски дуел од детска лига во Скопје Read More »

Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син


Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 21 часот, 38-годишниот скопјанец Н.А. пријавил дека претходниот ден, околу 8 часот, во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И, појаснуваат од МВР. Се преземаат мерки за …

Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син Read More »

ЈО поведе постапка против арачиновец за насилство кон градоначалникот на општината


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 69-годишен арачиновец кој се сомничи за „насилство“ врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими. – Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал …

ЈО поведе постапка против арачиновец за насилство кон градоначалникот на општината Read More »

Женски труп најден во Вардар кај Ново Село


Во четвртокот,  во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп. Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат …

Женски труп најден во Вардар кај Ново Село Read More »

Германец фатен со дрога во угостителски објект во Центар


Минатата ноќ бил приведен германски државјанин во угостителски објект на подрачјето на Центар. -На 26.05.2023 во 02 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода германскиот државјанин М.М.Ф.П.(32), затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, соопшти МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Приведен 26-годишник поради бегство од штипскиот затвор


Полициски службеници привеле 26-годишник кој избегал од штипскиот затвор. -Во 00.05 часот на автопат А1, во правец од Неготино кон Градско, во близина на „Црвени брегови“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ е лишен од слобода Р.Џ.(26) од Штип, соопшти МВР. Како …

Приведен 26-годишник поради бегство од штипскиот затвор Read More »

Озлогласен бугарски мафијаш убиен во Јужна Африка


  Озлогласениот бугарски мафијаш Красимир Каменов-Каро и неговата сопруга се убиени во нивниот дом во Кејптаун, Јужна Африка, во четвртокот. Јжноафриканската полиција објави информација дека пронашла тела на четири лица – двајца мажи и две жени, „за кои се верува дека се со бугарско потекло“. Четворицата биле застрелани. Телата беа пронајдени во предградие на Кејптаун …

Озлогласен бугарски мафијаш убиен во Јужна Африка Read More »

Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума


МВР информира дека вчера, во 14 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А. (20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко поради пустошење на шума. -Тројцата биле затекнати на место наречено „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на …

Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума Read More »

Уапсени две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска ги лишија од слобода Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“, предвидено и казниво по член 259 од КЗ на РСМ. На 20.05.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи …

Уапсени две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина Read More »

Маж пронајден починат во неговиот дом во Аеродром


Во стан на подрачјето на Аеродром, во Скопје, синоќа бил пронајден починат З.Ц.(62). Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен во 00.19 часот во СВР Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција. 

Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација


Полицијата денеска на граничниот премин Богородица приведе едно лице од Гевгелија кај кого пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари. -На Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од …

Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација Read More »

Наставник поттикнал насилство меѓу ученици


Нов случај на врсничко насилство денеска бил пријавен во полициска станица во кој поттикнувач бил поттикнувач бил наставникот во училиштето. -Денеска (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот …

Наставник поттикнал насилство меѓу ученици Read More »

Го удрил со дрво по глава, па го избодел со нож: 20 години затвор за убиецот од Кавадарци


Сафет Хамза (47) од Кавадарци доби затворска казна од 20 години, откако на 15 ноември 2021 година го уби својот сограѓанин Зулфи Паша. Како што соопштија тогаш од ОЈО Кавадарци, на 15 ноември 2021 година во околу 23.30 часот, по претходна караница на Хамза со друго лице, Паша се обидел да ги смири. Хамза притоа …

Го удрил со дрво по глава, па го избодел со нож: 20 години затвор за убиецот од Кавадарци Read More »

Повозрасна жена почина во Ѓорче Петров откако во неа удрил со „мерцедес“


По сообраќајка почина 78-годишна жена пешак во скопско Ѓорче Петров.  – На 22.05.2023 во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Р.М.(25) од с.Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде …

Повозрасна жена почина во Ѓорче Петров откако во неа удрил со „мерцедес“ Read More »