Повозрасна жена почина во Ѓорче Петров откако во неа удрил со „мерцедес“


Фото: Независен

По сообраќајка почина 78-годишна жена пешак во скопско Ѓорче Петров. 

– На 22.05.2023 во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,  управувано од Р.М.(25) од с.Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт, информираа од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.