Озлогласен бугарски мафијаш убиен во Јужна Африка

Красимир Каменов-Каро е обвинет дека го нарачал убиството на поранешниот шеф на Криминалната полиција во 2022. Убиена е и неговата сопруга


Местото на злосторството во Кејптаун

 

Озлогласениот бугарски мафијаш Красимир Каменов-Каро и неговата сопруга се убиени во нивниот дом во Кејптаун, Јужна Африка, во четвртокот. Јжноафриканската полиција објави информација дека пронашла тела на четири лица – двајца мажи и две жени, „за кои се верува дека се со бугарско потекло“. Четворицата биле застрелани. Телата беа пронајдени во предградие на Кејптаун околу 8,20 часот по локално време. Според локалната полиција, загинатите се на возраст меѓу 40 и 50 години.

„Мотивот за убиството сѐ уште се утврдува“, се додава во полициското соопштение.

Од бугарските власти се уште нема официјални информации.

Во меѓувреме, снимки од местото на убиството се појавија и во јужноафриканските медиуми.

Каро беше познат како дел од моќната група ВИС и беше обвинет во отсуство од обвинителство на Софија како нарачател на убиството на поранешниот шеф на Криминалната полиција Љубомир Иванов на почетокот на 2022 година.

На крајот на април, Каро беше ставен на црвена потерница од Интерпол.

Смртта на Каро доаѓа нешто повеќе од еден месец по неславната прес-конференција на државниот обвинител на Бугарија, на која поранешниот член на кланот ВИС беше означен како дел од заговорот против Иван Гешев.

Потерницата на Интерпол за Красимир Каменов

„Се враќаме во времето на мутрите (насилниците – н.з.)“, беше кусиот коментар на јавниот обвинител по веста за убиството на Куро. Тој не одговори дали мисли дека обидот против Каменов има врска со експлозијата покрај неговиот автомобил што одекна на 1 мај на патот Софија-Самоков.

„Мислам дека и пред две години бев категоричен. Реков дека тоа што се случува со бугарското обвинителство ќе доведе до бум на криминалот и се враќаме на годините на мутрите. Зарем тоа не е така“, рече Гешев.

Тезата на обвинителството е дека Каро бил во срцето на заговорот во кој учествувале и продуцентот Дилијан Георгиев, поранешниот банкар Василев и новинарот од истражувачката веб-страница „Бирд“ Димитар Стојанов. Обвинителите потоа објавија снимки од непознато потекло за кои тврдеа дека содржи дискусија за тнр. Заговор. Истражителите соопштија дека дисковите биле пронајдени при претрес во домот на Георгиев, кој е приведен во сосема друг случај – за поседување дрога.

За овој случај е отворен предмет, но не се знае дали е покренато обвинение. Во својата единствена изјава на оваа тема за веб-страницата „Афера“, Каменов изјави дека нема никаква врска со настанот.

Каменов изненадувачки беше обвинет како поттикнувач на убиството на екс-полицаецот Иванов неколку недели по прес-конференцијата за заговорот. Ова изгледаше чудно со оглед на тоа што физичките насилници беа уапсени месеци претходно. По обвинението, тој беше прогласен и за меѓународен баран од Интерпол.