Приведени три лица, затекнати при пустошење на шума


МВР информира дека вчера, во 14 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Ф.А. (20) и уште двајца малолетници од село Банско, струмичко поради пустошење на шума.

-Тројцата биле затекнати на место наречено „Габровски пат“, атар на село Банско, на планината Беласица како со моторна пила вршат пустошење на шума. Од страна на Шумска полиција затекнатите исечени дрва биле одземени и пренесени во складот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Беласица – Струмица, известуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.