Едно лице загина на патот Гевгелија-Богданци, во сообраќајката учествувале четири возила


Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова. -Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила – две марка […]

Се запали викендичка во Катланово – ја гасат 15 пожарникари


РЦУК – Скопје, известува дека во 22 часот, е добиена пријава од Е-112 за запалена викендичка во населено место Катланово во близина на цркавата. Во моментот,  екипата од противпожарната служба на Град Скопје интервенира со пет противпожарни возила и 15 пожарникари и истиот нема опасност за проширување. Дополнителни информации од ЦУК најавуваат за утре.

Пожар во казино во новиот дел на Велес


Околу 18 часот вечерва е опожарено казиното „Адмирал“ во станбена зграда во новиот дел на Велес, во месноста Багремче. Според првичните информации од СВР Велес, во времето на пожарот внатре немало луѓе. Во гаснењето се вклучени две противпожарни возила на ТППЕ од Велес и дваесетина пожарникари.  Местото на пожарот го обезбедува полицијата. Засега нема опасност […]

Заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, спасувачката акција траела три часа


Неколку лица утрово заглавиле во автомобил на врвот на Галичица, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Заглавените побарале помош на бројот 112, по што акцијата на ЦУК траела три часа – од 5 до 8 утрово. Патниот правец на кој се наоѓале заглавените лица подолго време бил затворен за моторни возила. „Веднаш се известени […]

Едно лице повредено во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово


Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца  што се случила попладнево на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово.  Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите […]

Маж нападнал извршител во канцеларија во центарот на Скопје


Извршител вчера претпладне бил физички нападнат на своето работно место во Центар.  Како што информираа од полицијата, во дневниот билтен, вчера во 12.50 часот во СВР Скопје, С.П.И.(50) од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот на работното место во канцеларија на извршител на подрачје на Центар во Скопје бил физички нападнат од С.Т.(46) од Македонски Брод. […]

Две жени се затруле од плин, транспортирани на скопските клиники


Две жени на 52-годишна возраст се затруле од плин во кујна. Од Клиничка болница Штип велат дека жените се во добра здравствена состојба, но се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза” во Скопје. Посочуваат дека жените се со стабилни витални параметри. -Две жени на 52-годишна возраст со возило на ИПМ се донесени во Клиничка болница […]

Краден бакар од необезбедената зграда на болницата во Кичево, од МВР не потврдуваат дека штетата е 500.000 евра


Бакарот најчесто бил цел на крадци во новиот објект на Општата болница во Кичево. Податоците обезбедени од Порталб.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажуваат дека од 2010 година до денес пријавени се две кражби во објектот чија изградба започна уште од времето кога премиери беа Бранко Црвенковски и Лубчо Георгиевски. Од МВР пак не го потврдуваат тврдењето на министерот за […]

Боки 13 на петта операција


Водителот и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13, повторно оди на операција, пишуваат македонските портали. – Да, тој е примен на клиника и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липом, последица на претходни операции и се изведува на Државната клиника – истакнува Јовановска. Ова е негова петта операција. […]

Двајца малолетници се повредени со остар предмет во тепачка


Тепачка меѓу неколку лица во скопско Рашче вчера пред полноќ.  Како што информираше МВР, вчера во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Рашче, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(18) од с.Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна. Во пресметката Е.Б. со […]

Починат вработен пронајден во индустриски објект во Гази Баба


Починато лице (49) било пронајдено вчера околу 13:30 часот во индустриски објект на подрачјето на Гази Баба, соопшти полицијата.   -На 13.01.2024 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во  индустриски објект на подрачје на Гази Баба, Г.И.(49) од Скопје кој бил вработен во објектот, бил пронајден починат. Од страна на лекар од Итна […]

Претреси во Скопје, од дилер запленет имот вреден над 600.000 евра


Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по насоки од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари […]

Повторно пожар во Аеродром, една жена вдишала чад


Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. “Ангел Димовски“ во општина Аеродром настанал пожар во станот на О.М.(72) од Скопје. За среќа нема повредени, а на повозрасната жена и била укажана лекарска помош во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ поради вдишување на чад. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот […]

Жена нападната на Меѓународниот аеродром во Скопје


Двесет и петгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека на Меѓународниот аеродром во Скопје, каде работела, била физички нападната.  Како што информира МВР, А.И.(25) од Скопје вчера пријавила дека околу 5.45 часот на Меѓународен аеродром во Скопје, каде била вработена во делот на прифаќање на патници во ТАВ, била физички нападната од Е.Н.(47) од […]

Дури 50 кривични против кичевчанецот што си ја уби ќерката, два пати лежел во затвор


Против 29-годишниот кичевчанец полицијата има поднесено 50 кривични пријави за сторени кривични дела велат од СВР Охрид. Тој во меѓувреме дури и два пати има одлежено затвор од кои еднаш со времетраење од 3 месеци а вториот пат 6 месеци. Од СВР додаваат дека веќе е спроведен во затворот во Битола каде е покрената истрага […]

Се бара осомничениот за убиството на Оки да биде екстрадиран во Грција


Грчката полиција, првично преку меѓународна, а потоа преку европска потерница, бара осомничениот за убиството на македонскиот државјанин на Халкидики да биде екстрадиран во Грција за да биде изведен пред грчката правда, а станува збор за 33-годишен кој е притворен во Скопје за учество во двојно убиство во март минатата година во Скопската чаршија, јавува дописничката […]

Приведени четири лица за вчерашното пукање пред болницата, се трага по едно лице


Четири лица се приведени како осомничени за вчерашното пукање и ранување на двајцата браќа од тетовското село Гајре, што се случи околу 18 часот пред Ургетниот центар н Клиничката болница Тетово. Полицијата трага по уште едно машко лице.  -Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од […]

Расчистено убиството на Оки на Халкидики, сторителот е во притвор за двојно убиство во март


  Грчката полиција го расчисти убиството што на 15 јули минатата година се случи во вила на Халкидики, кога смртно беше застрелан 39-годишниот водач на кланот „Дуќанџик“, Орхан Бајрами – Оки. Во истиот настан повреден беше 45-годишен маж. Сторителот, кој е идентификуван, веќе е во притвор во Македонија, осомничен за учество во двојното убиство во […]

Се пукало пред тетовската болница – ранети две лица


Две лица се повредени со огнено оружје пред зградата на Ургентниот центар во Клиничката болница – Тетово, јави дописникот на МИА. Поради природата на повредите едно од лицата е упатено во Клиничкиот центар во Скопје. СВР Тетово вечерва соопшти дека околу 18 часот и 5 минути кај нив е пријавено дека пред влезот на Ургентен […]

Обвинителството покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево


Основното јавно обвинителство од Кичево покрена истрага за убиството на двегодишното дете од Кичево, кое почина од здобиените повреди, откако, според првичните сознанија било претепано од неговиот татко. За осомничениот татко се бара мерка притвор. – Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој […]