„Куршумот кај и да е, ќе те стигне“ – ЗНМ со пријава за закана по живот кон новинарот Џабир Дерала


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до МВР во врска со директна закана по живот кон основачот на Цивил медиа, Џабир Дерала. Пријавата следи по директната закана кон Дерала во форма на коментар на негова објавена колумна на официјалната Фејсбук страница на „Нова ТВ веб“ каде што профил со име Александар Антиќ напишал […]

Малолетна девојка ги нападнала нејзините родители во Скопје


Малолетна девојка ги нападнала нејзините родители, соопшти полицијата.   Имено вчера во 14.08 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријавила дека во нивниот дом на подрачјето на Кисела Вода, таа и нејзиниот сопруг биле нападнати од нивната малолетна ќерка. Според надлежните се работи на расчистување на случајот.

Внимавајте, повторно се појавија лажни СМС пораки од Македонска пошта


Повторно се појавија лажните СМС пораки за кои наводно пристигнуваат од Македонска пошта. И пред неколку месеци имаше една ваква слична појава каде најпрво беше реагирано на социјалните мрежи за подоцна телефонските оператори да ги блокираат овие броеви. Малку е нејасно како телефонските оператори дозволуваат оваа појава да се повторува, а граѓаните да бидат постојано […]

Шестмина приложиле фалсификувани документи на скопскиот аееродром


Вчера во 16 часот полициски службеници на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ уапсиле 6 лица, странски државјани. Четворица биле од Непал, еден од Индија и еден од Бангладеш. Причината поради која биле лишени Б.С.(31) од Индија и Ј.А.(22) од Бангладеш е поради тоа што проложиле фалсификувани документи за привремен престој во Кипар. Останаите лица Ј.К(41) […]

На Бит-пазар запленети над 2600 пиротехнички средства


Полиција од СВР Скопје денеска на територија на Бит-пазар во Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот  В.В. (35) од Скопје  затекнат како на импровизирана тезга продава разновидни пиротехнички средства. Како што информира Министерството за внатрешни работи, запленети  се вкупно 2619 разновидни пиротехнички средства. -По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, […]

Жител на гостиварско Форино изгризан од животни до смрт


Повозрасен жител на гостиварското село Форино бил пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото Форино. Од СВР Тетово информираат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел. Според пријавата, Џ.Е. (83)  бил паднат на земја и имал […]

Во „тојота авенсис“ превезувал шест мигранти од Сирија


На автопатот А1, кај клучка Миравци, денеска околу 15 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица го лишиле од слобода А.А.(37) од Неготино затоа што во патничко возило “тојота авенсис” со скопски регистерски таблички превезувал шест лица од Сирија. МВР соопшти дека е известен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК […]

Запленети 7.000 петарди и огномети во Битола


Полициски службеници од СВР Битола денеска го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, во чиј дом и помошна просторија при претрес во периодот од 00.20 до 01.05 часот, биле пронајдени  4.080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 20.30 часот, на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, при преглед […]

Финансиска полиција поднесе кривична пријава до ЈО против физички лица за злоупотреба на европски средства


 Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против пет физички лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 и измама на штета на средствата на Европската заедница по член 249-а и Несовесно работење во служба по член 353-в и против […]

Однесле затвореник да си врши приватни работи – тој им избегал


Затворски заповедник и полицаец, однесле затвореник во објект во Струмица да заврши некои приватни работи, а тој им избегал. Имено на 04.12.2023 В.Т(41)., заповедник во затворската полиција, му издал наредба на затворскиот полицаец М.С.(49) со службено возило да однесе лице кое издржувало затворска казна да заврши приватни обврски во деловен објект во Струмица. Иако знаел […]

Во Основниот суд во Струга третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга денеска третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска од Дебар, на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира за […]

Гевгеличанец нападнал медицинска сестра на Клиника


На 20.12.2023 во 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Б.Т.(44) од Гевгелија затоа што околу 10.45 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б.(41) од скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Уапсени две лица во Прилеп затоа што запалиле автомобил


  На 20 декември полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б. (34) и Д.М. (22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Имено, на 19 декември на ул. „Кире Базерко“ во Прилеп, на […]

Одбраната на обвинетите во Ласкарци побара ослободителна пресуда


Одбраната на второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во случајот „Ласкарци“ денеска во Основен кривичен суд Скопје во завршните зборови побараа ослободителна пресуда за обвинетите. Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува битието на обвиението што му […]

Судот ги ослободи од обвинение докторите од Онкологија Васев, Стојковски и Симоновска


Кривичниот суд Скопје ги ослободи од обвинение доктор Никола Васев, екс директор на Клиниката за онкологија, доктор Игор Стојковски онколог од истата клиника, како и докторката Марија Симоновска. Тие се ослободени од обвинение во врска со случајот на пациентот Томо Ристовски односно не се виновни за несовесно работење во службата и за несовесно лекување болни. […]

Царинска управа заплени 2.000 брендирани парчиња „Луј Витон“, „Диор“ и „Мајкл Корс“


Речиси две илјади парчиња брендирана облека, обувки и женски чанти со потписот на „Луј Витон“, „Диор“, „Монклер“, „Гучи“, „Версаче“,  „Барбери“, „Мајкл Корс“ и други познати модни брендови се запленети од страна на мобилен тим при Секторот за контрола и истраги по извршена контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит на граничен премин Деве Баир. […]

Во Kривичен завршни зборови на одбраната во „Ласкарци“


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат завршни зборови на обвинетите во случајот „Ласкарци“. Завршни зборови на изминатата расправа даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули. На денешната расправа е предвидено завршни зборови да даде одбраната на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари […]

Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката. По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја […]

Двајца работници на „Синохидро“ оштетиле кабел на „ЕВН“, корисници од Дебрца без струја


СВР – Охрид поднесе кривична пријава против М.Ј.(56) од Народна Република Кина поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уништување или оштетување на јавни инсталации“ и „несовесно работење во службата“,  како и против А.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според полициското соопштение, двајцата […]

Жител на село Агларци загина во сообраќајна несреќа, неговите малолетни деца се тешко повредни 


  БИТОЛА – Жител на пелагониското село Долно Агларци загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Новаци, во правец на РЕК „Битола“ а неговите две малолетни деца се тешко повредни. Во несреќата учествувале уште неколку возила од Битола, Ресен и возило со албански регистарски таблички. Неофицијално причина за тешката сообраќајка е густата магла која вчера ја […]