Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајката кај Табановце, во која загина 49-годишна кумановка


Според српските медиуми, рок-музичарот Ѓорѓе Николиќ, попознат како Ѓорѓе Давид, имал сообраќајна несреќа синоќа во Северна Македонија, на автопатот Куманово – Табановце, во која загина 49-годишна жена од Куманово.

Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 20 часот, на граничниот премин Куманово – Табановце.

„Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „голф“ и патничко возило „Опел инсигнија“ за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид“, велат извори за српските медиуми.

Од повредите во незгодата починала 49-годишна кумановка, која била сопатничка во возилото „поло“. Две лица се тешко повредени, а се сомнева дека е повреден и самиот Ѓорѓе Давид.

Ѓорѓе Давид не одговара на повиците и пораките, пренесува „Информер“.

Инаку, чЧетириесет и деветгодишна жена од Куманово е жртвата во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Куманово-Таbановце на два километри пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска полицијата.

Сообраќајната несреќа во која учествуваа три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки се случи вчера во 20 часот.

– Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово, информираше полицијата.

Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

Дека Ѓорѓе Давид беше во Македонија доказ се и фотографиите кои ги објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, пред два дена.