Натепани тројца малолетници


Тројца малолетници од Инџиково, Кочани и Ресен биле натепани од свои врсници, но и од возрасни.

На 21.01.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Т.П.(44) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во с.Инџиково, скопско, поради претходно неодразбирање, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, сите од с.Инџиково. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.М.(51) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.12.2023 во Градскиот трговски центар Кочани, пријавениот физички нападнал малолетник од Кочани и му нанел повреди.

ОВР Ресен поднесе кривична пријава против А.К.(40) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 26.12.2023 во основно училиште во Ресен, пријавениот физички нападнал малолетник од Ресен – ученик во училиштето.