Измамена жена од Кавадарци, уплаќала за евтин кредит


Вчера, во 9.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка.

Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.