Двајца малолетници се повредени со остар предмет во тепачка


Фото: Б. Грданоски

Тепачка меѓу неколку лица во скопско Рашче вчера пред полноќ. 

Како што информираше МВР, вчера во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Рашче, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Б.(18) од с.Рашче од една страна и тројца малолетници и М.Х.(18), од друга страна. Во пресметката Е.Б. со остар предмет им нанел повреди на двајца малолетници.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.