Во близина на село Табановце затекнати 13 мигранти од Сирија


Тринаесет илегални мигранти од Сирија синоќа околу 20:15 часот биле затекнати во близина на село Табановце. МВР соопшти дека на 9 декември околу 20:15 часот на автопатот „Пријателство“, на патниот правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, во близина на село Табановце, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот биле […]

Жител на Нов Дојран загина откако во него удри возило „шевролет“


Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.   -Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран. Тој починал на […]

(Фото/видео) Гори автомобил кај Железничката станица во Скопје


Вечерва, се запали автомобил во близина на Железничката станица во Скопје. Според жителите од околните згради, најпрво нешто пукнало, а потоа се забележал густ, црн чад. Полицијата е на местото каде се запалил автомобилот и се врши увид за да се утврдат причините.  Не се знае зошто се случил пожарот, ниту дали некој е повреден.  […]

Натепани малолетници во Битола и во Прилеп – во Гостивар еден прегазен


Тројца малолетници настрадале во последното деноноќие. Двајца биле натепани, а еден бил прегазен со возило. Имено, И.И.(40) од Прилеп вчера во 8 часот, во ОВР Прилеп пријавил дека во близина на старата автобуска станица неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.  М.М.(46) од Битола, пак, денеска во СВР Битола пријавила дека на вчера околу […]

Уапсен жител на Кратово осомничен за обљуба на малолетничка


 Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од  полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка. – Во текот на вчерашниот ден,  7 декември 2023 година, во 16.45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека […]

Поднесена кривична пријава против возачот кој го возел Палевски до Турција


Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. […]

Приведен разбојник во скопски Аеродром


На подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, синоќа во 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17:30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари. Од МВР денеска соопштија дека со Н.Н. е извршен службен разговор во полициска станица и […]

Малолетничка удрена од возило на булевар „Србија“, пренесена е во болница


Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“, кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром. Девојчето е пренесена во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата. Од МВР за МИА велат дека увидот уште не е завршен и дека дополнителни информации ќе има по неговото завршување.

Одреден 30-дневен притвор за возачот на Палевски


Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Обвинителството, и му одреди 30-дневен притвор на возачот кој го возел до Србија до Турција, Љупчо Палевски – Палчо,  првоосомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 73-годишниот велешенец Панче Жежовски, потврдија од Кривичен суд за МИА. Притворот му е одреден поради […]

Царината заплени непријавени 50.600 евра на Меѓународниот аеродром Скопје


Запленети биле 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје, не ги пријавил кај царинските службеници. – Патникот кој патувал од Истанбул, на влез се определил да помине на зелен канал каде што поминуваат лица кои немаат ништо за пријавување. Царинските службеници го селектирале за преглед, при што во личниот […]

Приведен 27-годишник од Крива Паланка осомничен за убиство


Припадници на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово – ОВР Крива Паланка, вчера го лишиле од слобода С.Д. (27) од Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д., на возраст од 76 години од Крива Паланка, соопштија попладнево од Министерството за […]

Четириесет и деветгодишник починал возејќи кај кичевско Бигор Доленци


Четириесет и деветгодишник починал возејќи кај кичевско Бигор Доленци, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 06.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локален пат за кичевското село Бигор Доленци, патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки излетало од патот, а возачот бил без знаци на живот. Од увидот, извршен […]

Со автомобил удрил жена на тротинет, па избегал


Во вторникот, во 21.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, патничко возило удрило во електричен тротинет, управуван од Е.М.(32) од Берово, по што го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од […]

Скопјанка била нападната со остар предмет од соседот во Аеродром


Жена пријавила дека била нападната од нејзин сосед во скопската населба Аеродром. „Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет“, соопштија вчера од МВР […]

Пукање во центарот на Куманово, едно лице повредено


Во центарот на Куманово попладнево се случило пукање, потврди СВР Куманово, од каде најавија детали по завршување на увидот. Од Кумановската општа болница потврдија дека кај нив со возило на Итна помош во 17: 38 часот е донесено машко лице со две прострелни рани на двете нозе. Поради сериозноста на повредите, лицето е испратено за […]

Таткото на убиената Вања и денеска негира дека бил доушник на злосторниците


На денешниот распит кај јавен обвинител Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното 14-годишно девојче, негира дека дал информации кога и каде грабнувачите може да ја начекаат сама. Од Обвинителството само кусо известија дека распитот на таткото завршил и дека тој во основа негира вмешаност. Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и обвинителот Гаврил Бубевски известија […]

МВР: Нема никаков обид за киднапирање во Карбинци, момче поканило ученичка во неговотo возило за да одат на кафе


  МВР најостро ги демантира шпекулациите кои денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци. Во официјалната пријава до полицијата стои: „Денеска (05.12.2023) во 09,52 часот во СВР Штип од основно училиште во Општина Карбинци е […]

Приведени малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село поради семејно насилство


 Малолетен кавадарчанец и лице од неготинско село во текот на вчерашниот ден биле приведени поради семејно насилство, информираат од СВР Велес. – Полициски службеници од ОВР Кавадарци во 20:30 часот лишиле од слобода малолетник, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна мајка. За настанот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални […]

По распишаната меѓународна потерница, одреден и 30-дневен притвор за Палевски


Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. -Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на […]

Определен 48-часовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска


-Скопскиот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е еден од осомничените за убиството. Како што наведуваат од Кривичниот суд, притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци. Претходно вечерва, Кривичниот суд на предлог на […]