Бранителот бара куќен притвор за таткото на Вања


Владимир Туфегџиќ, бранител на осомничениот Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, бара на неговиот клиент ефективниот притвор да му се замени со куќен притвор.Тоа ќе му помогне на семејството кое е погодено од трагедијата, тврди Туфегџиќ.

Туфегџиќ побарал обвинителот да го викне Ѓорчевски на распит, бидејќи тој во истрагата нема дадено свој исказ. Таткото на Вања дал исказ во фазата на предистрага, кога му бил определен краткотраен притвор.

Обвинителството и полицијата и натаму молчат за за наводите на контроверзниот српски политичар Срѓан Ного, кој освен што тврди дека Александар Ѓорчевски е невин и ги открил сторителите на злосторството, посочува на многу слабости во постапувањето на истражните органи во овој случај.