Тетовчанка пред година платила изработка на мебел, не добила ни мебел, ниту парите ѝ ги вратиле


Четириесет и седумгодишна жителка на тетовско село вчера во 11 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека пред нецела година се договорила со лице од Порој да и изработи мебел за нејзиниот дом и притоа му платила определен паричен надоместок.

Меѓутоа, и по два месеци, колку што бил договорот, а и потоа, мебелот не ѝ бил испорачан, ниту, пак, парите ѝ биле вратени.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира полицијата.