МЗ: Двегодишната кичевчанка повеќе од 20 дена била во кома, по што починала


Фото: Б. Грданоски

По информацијата дека татко ја претепал својата 2-годишна ќерка во Кичево, по што таа починала од Министерството за здравство излегоа сод етали.
Имено, како што велат од таму, на 19 декември, во Ургентниот центар во ОБ Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка,која во болницата е донесена од нејзината мајка. Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс Мајка Тереза, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохиргија, во Скопје.

Покрај сите заложби на лекарите, за жал двегодишната пациентка подлегна на тешките телесни повреди на 08.01.2024 година. Здравствените институции каде беше примена и третирана пациентката, целосната документација за хоспитализацијата и третманот, ја предале на надлежните истражни органи.

Како што јавивме претходно, вчера во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишиле Ф.Д.(30) од Кичево.

Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала.

-Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.