Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец


Фото: Б. Грданоски

Во напуштена куќа на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Т.Ш. (49) од скопското село Кучевиште, информира МВР. 

Случајот бил пријавен доцна синоќа, во 23:40 часот во СВР Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а бил извршен и увид од екипа на СВР Скопје. По насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.