Приведен бегалец од затвор, осуден на 15 години затвор


Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола лишен е од слобода е Б.М. (62) од Крушево. Тој бил баран со потерница откако поради бегство од затворот Идризово. Б.М бил осуден на 15 години затвор по член 123 од КЗ на РМ, а пред избега одлежал половина од казната.

Фатеното лице ќе биде спроведено повторно во затворот каде треба да доиздржи уште 7 години и пет месеци затвор соопштија од МВР.