Изгоре автомобил и помошен објект во струмичко Муртино


Во струмичко Муртино синоќа изгорел автомобил и помошен објект, информираа од ТППЕ Струмица.

Според информацијата од струмичките пожарникари, пожарот избувнал синоќа во 22:15 часот, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со едно против пожарно возило.

Се додава дека пожарот бил во разгорена фаза и бргу по пристигнувањето пожарот е изгаснат и е спречено ширење кон останатите делови на објектот.