Се запали викендичка во Катланово – ја гасат 15 пожарникари


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

РЦУК – Скопје, известува дека во 22 часот, е добиена пријава од Е-112 за запалена викендичка во населено место Катланово во близина на цркавата.

Во моментот,  екипата од противпожарната служба на Град Скопје интервенира со пет противпожарни возила и 15 пожарникари и истиот нема опасност за проширување.

Дополнителни информации од ЦУК најавуваат за утре.