Претепан судија на фудбалски дуел од детска лига во Скопје


Завчера се случи голем скандал на еден од терените на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во тренинг-центарот „Петар Милошевски.

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека две лица го истепале судијата по натпревар во детската лига, а тоа се случувало пред очите на десетгодишни деца.

-На 27.05.2023 во 09.52 часот Г.М.(40) од Скопје пријавил дека на спортскиот стадион „Петар Милошевски“ во Скопје, каде бил фудбалски судија на фудбалски натпревар од детска лига помеѓу екипи од Штип и од Тетово, по завршување на натпреварот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.