Азески – Рукичи: Што побрзо автопатски да се поврзат Македонија и Косово


Патот од косовската страна е во финална фаза и се очекува да биде завршен до јуни 2019 година. Тоа треба да претставува поттик за посериозен пристап и почнување на градежните работи и од македонска страна порано од планираното, рече претседателот на Стопанската комората на Косово, Берат Рукичи на денешната работна средба со својот македонски колега, […]

Бислимовски: Сите потршувачи можат да излезат на слободниот пазар на електрична енергија


Од 1 јануари годинава целосно е либерализиран пазарот на електрична енергија во земјава и сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинствата можат да излезат на слободниот пазар, но во моментов на домаќинствата не би им се исплаќало и токму тоа е причината што снабдувачите не им понудија пакети, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика […]

Mеѓународен сертификат за јавни набавки за МЖ-Инфраструктура


Јавното претпријатие за Македонски железници Инфраструктура – Скопје се стекна со меѓународно признат сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки (CIPS Corporate Certification Primary Award) доделен од Институтот за набавки и снабдување (Chartered Institute of Procurement & Supply -CIPS) од Велика Британија. -Како резултат на своите заложби во внесување на меѓународни стандарди и процедури […]

Лентата на Миладиновци-Штип ќе се сече следната недела


Следната недела ќе биде пуштен автопатот Миладиновци-Штип. По него ќе се вози со времен режим на сообраќај. Тоа значи дека на деловите од автопатот, каде што ќе се довршуваат одредени зафати, ќе биде означено дека максималната дозволена брзина е 50 километри на час. Информацијата ја потврдија од ЈП за државни патишта. „Со првичниот проект не […]

Владина делегација во посета на „Алкалоид“


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ денеска ќе ја посетат компанијата „Алкалоид“ АД – Скопје. Заев и владината делегација ќе има средба со директорот на „Алкалоид“ ад Скопје, Живко Мукаетов […]

Народна банка: Каматите и во јануари продолжиле да паѓаат


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари достигна 5,3 проценти. Народната банка во соопштение наведува дека просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи да се намалува, при што намалување е забележано и кај каматната стапка на кредитите на населението и кај корпоративниот сектор. -Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,59 отсто, […]

Шпаркасе банка ја купува Охридска банка


„Сосиете женерал Франција“ постигна договор со „Штаермаркише Банка“ и „Шпаркасе“ за преземање на акциите што „Сосиете женерал“ ги има во „Охридска банка“. „Сосиете женерал Франција“ поседува 384.844 обични акции со право на глас, кои согласно договореното ќе ги продаде на „Штаер“. Намерата за преземање на сите акции издадени од „Охридска банка“, како што соопштуваат од […]

Швајцарија има најмногу резерви во злато и девизи во Европа


Најголеми резерви на злато и девизи во Европа има Швајцарија, а Македонија е на 33 -то место во Европа, покажуваат податоците од референтниот извор на The World Factbook кој работи во рамки на американската Централна разузнавачка агенција. На мапата се прикажани резерви на девизи и злато, изразени во долари, во сите европски земји, а кои […]

Законот за јавни набавки тест за државните службеници


 „Економски најповолна понуда“ ќе биде новиот принцип на селекција при реализирањето на јавните набавки, но дали и колку државната администрација е подготвена да го прифати и да го спроведе во пракса, ќе се знае по 1 април 2019 година, велат експертите. И додека компаниите го поздравуваат Законот за јавни набавки иако во него, како што велат, […]

Израел: Тужба против Икеа поради каталог без фотографии од жени


Во Израел е покрената тужба против Икеа поради родова дискриминација, а случајот се однесува на каталог на овој познат шведски производител на мебел објавен во еврејската држава во кој нема фотографии од жени и девојчиња. Каталогот е креиран посебно за заедницата на ултраортодоксни Евреи, наведуваат израелските медиуми. Тужбата ја поднеле Хана Кацман од градот Петах […]

ССМ предлага зголемување на минималната плата


Сојузот на синдикати на Македонија смета дека има простор да се зголеми минималната плата која во моментов изнесува 12.165 денари. Пресметките на синдикатот покажуваат дека има потреба од зголемување на минималната плата за најмалку 12 проценти. – ССМ укажува дека во услови кога синдикалната минимална кошница за јануари 2019 година изнесува 32.761,00 денари, а само […]

ЕВН Снабдување избран за универзален снабдувач со струја


ЕВН Македонија е избрана за најдобар понудувач на јавното електронско наддавање на тендерот за избор на Универзален снабдувач со електрична енергија. Компанијата  што и до сега ги снабдуваше граѓаните со електрична енергија понудила најниска маржа од 11,5 проценти. Почетната понудена маржа на ЕВН Снабдување беше 14,4 отсто. Денеска, беше организирана електронска аукција, каде што по […]

Нови 212 вработувања во Алкалоид, раст на добивката


„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2018 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 7.506.114.294 денари, што е за 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци […]

„Еделвајс“ најави летови Цирих-Охрид од април годинава


Швајцарската авиокомпанија „Еделвајс“  објави дека од 6 април годинава ќе лета двапати неделно на линијата Цирих – Охрид и обратно. „Еделвајс“ ќе сообраќа на новата линија од Цирих до аеродормот „Св. Апостол Павле“ секоја сабота, а од јули до август и секој вторник. Линијата ќе ја опслужува со авион од типот „Ербас А 320“. На […]

OKTA во 2018 со зголемена продажбата на странските пазари


ОКТА ја обележа 2018 година со подобрување на продажбата, главно благодарение на значителното зголемување на продажбата на странскиот пазар и успешното одржување на високиот домашен пазарен удел. И покрај сите предизвици со кои се соочи во текот на 2018 година, компанијата успеа да истрае во конкурентното пазарно окружување и да биде еден од двигателите на […]

Богатите Британци – побогати, сиромашните – посиромашни


Приходите во најбогатите домаќинства во Велика Британија растеа минатата година, додека најсиромашните семејства станаа уште посиромашни. Ова го зборуваат податоците за распределба на приходите на британската Канцеларија за национална статистика. Од нив се гледа дека просечниот приход на најсиромашната петтина на населението се намалиле за 1,6 отсто, главно поради падот на просечната вредност на паричната […]

Комплетирана првата транша од 100-те милиони евра евтини кредити од ЕИБ


Со 15 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка – ЕИБ, ќе се поддржат инвестициите на 39 мали и средни фирми, кои првично ќе отворат околу 160 работни места. Директорот на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) Драган Мартиновски го информирал министерот за финансии Драган Тевдовски дека со ова е комплетирана првата транша […]

Тевдовски: Преку 30 милиони евра за локални проекти во Битола


Министерот за финансиии Драган Тевдовски најави повеќе локални проекти за општина Битола, за време на трибината која денеска се одржа во овој град со наслов „Фер општество-шанса за сите“. До крајот на годината, рече Тевдовски, се очекува почеток на изградбата на Пречистителна станица Битола, а во текот на годината треба да заврши изградбата на уличната […]

Се пресметува дали општините можат да преземаат нови надлежности


Работна група формирана од Владата проверува дали општините имаат доволно пари да ги финансираат надлежностите кои им се пренесени со децентрализацијата. Не е целта да им се одземат надлежности, зашто тогаш нема фискална децентрализација, вели Ширет Елези, заменик-министер за финансии. „Тоа би било враќање назад и непочитување на европската и домашната регулатива. Целта е да […]

Рајанер и Визер не смеат да наплаќаат повеќе за поголем рачен багаж


Италија им изрече парични казни на авиопревозниците Рајанер и Визер за нивните нови правила за рачен багаж. Агенцијата за заштита на конкуренцијата во Италија (АГЦМ) соопшти дека таксите од пет до 25 евра, кои компаниите ги наплаќаат на патниците, за да земат поголеми куфери во авионот, претставуваат прекршување. Рајанер е казнет со три милиони евра, […]