Skip to content
30/10/2026
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
Независен Весник
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија
Search
Независен Весник
Search
  • Политика
  • Македонија
    • Скопје
  • Економија
  • Свет
    • Балкан
  • Колумни
  • Фељтон
  • Култура
  • Сцена
    • Лајфстајл
  • Спорт
  • Хроника
  • Занимливости
    • Технологија

Анѓушев: Долговите на општините не растат, во најмала рака стагнираат

08/06/2019 14:26

Фото: Б. Грданоски

Дали ќе има нови средства за финансиска поддршка на општините поради нивните долгови, како што беше ланската инјекција од 50 милиони евра, ќе зависи од тоа дали ќе има ребаланс на Буџетот, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој не смета дека долговите на општините се зголемуваат, туку дека или се отплаќаат или се намалуваат или, пак, во најмала рака, како што истакна, стагнираат.

-Немам сознанија за трупање нови долгови кај општините. Мислам дека долговите на општините не растат. Или се отплаќаат или се намалуваат. Во најмала рака стагнираат. Дали ќе има нови средства за поддршка во однос на долговите како ланската помош, ќе зависи од тоа дали ќе има ребаланс на Буџетот, објасни вицепремиерот, одговорајќи на новинарско прашање по доделувањеето на првите решенија за поддршка на руралниот развој.

Градоначалникот Константин Георгиески информира дека долгот на Општина Охрид во моментов е 530 милиони денари. За покривање на долгот од 1,6 милијарди, државата помогнала со 495 милиони. Од нив локалната самоуправа заштедила 260 милиони по основа на камати. Општина Тетово, пак, според градоначалничката Теута Арифи, засега има исплатено 51 отсто од долгот. За останата половина сума изготвува динамика на исплата.

Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски дополни дека поддршката на руралниот развој чија реализација ќе се спроведува наредните три години, воопшто нема да значи дополнително финансико оптоварување на општините.

-Ова не се средства за дополнително задолжување на општините, ниту за нивно какво било финансиско оптоварување, туку директна помош што подразбира целосна, стопроцентна исплата на инвестициите, истакна Бабовски.

Во Владата беа доделени првите 17 решенија за поддршка од Програмата за рурален развој. Вкупно 202 општини и осум плански региони доставиле барања за 37,5 милиони евра. Со парите планираат да реализираат инфраструктурни проекти: обнова и развој на селата, изградба на патишта до земјоделските површини, зачувување и унапредување на традиционалните вредности,…, кои ќе обезбедат поквалитетен живот.

Како што потенцира министерот за земјоделство Љупчо Николовски, наместо за споменици и скулптури, Владата одлучи да вложува во капитални проекти од корист за граѓаните и државата. 

ReplyForward

 


Поврзани содржини

Кристин Лагард: Патот на „челичната дама“
29/10/2026 15:10
ЕЦБ донесе одлука за каматите: Стапките остануваат непроменети и покрај зголемената инфлација во еврозоната
29/10/2026 15:10
Кристин Лагард ја напушта функцијата шеф на ЕЦБ пред крајот на нејзиниот мандат
29/10/2026 15:10
Божиновска: Имаме стабилно производство, ЕСМ се грижи за сигурно снабдување на граѓаните
29/10/2026 14:10

(Фото) Отворени „Енерго технома 2026“ и „Реал Експо 2026“: Знаењето, технологијата и иновациите создаваат можности за развој
29/10/2026 13:10
Адора Бизнис Групација со проекти во Македонија, Грција, Србија и Словенија на Real Expo
29/10/2026 12:10
Business for Business форум 2026 – Комерцијална банка ги поврза бизнисите со новите правила за раст
29/10/2026 12:10
Премиерот Пленковиќ ја објави новата минимална плата во Хрватска – 1.130 евра бруто
29/10/2026 12:10

Најчитани


  • Уапсен директорот на гимназијата во Нови Сад каде што беше напишан графитот „Ќаци“
    28/10/2026 21:15
  • Вучиќ призна пораз: „Овие избори ги изгубивме“
    25/10/2026 21:45
  • Кои се луѓето што го победија Вучиќ?
    26/10/2026 12:42
  • Главниот уредник на РТВ Војводина поднесе оставка. Телевизијата се извини: „Со години, затворавме едно око“
    26/10/2026 19:28
  • Јотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со Ѓуров
    25/10/2026 19:08
  • Жителите на Кисела Вода бараат поместување на автобуската постојка на линијата „24“
    26/10/2026 12:58

© Независен Весник  2019 -2026

  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење