Сабота е работен ден, ќе се одработува денот кога Папата беше во посета


  На последната седница, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука 8 јуни, сабота, да се одработи за 7 мај, ден којшто беше прогласен за неработен поради посетата на Папата Франциск. Тоа значи дека 8 јуни е работен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на Град Скопје, за вработените и […]

Сугарески: Очекувам сериозно солидни резултати кај капиталните инвестиции


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска оцени дека според последните показатели има сериозно подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот што го предводи во првиот квартал од годинава и оти очекува солидни резултати за тековниот квартал. Одговарајќи на новинарски прашања, Сугарески рече дека во првите четири месеци кај гасификацијата се реализирани 27,4 […]

Тевдовски: Приходите во Буџетот согласно планираното, се реализираат сите расходи


Приходите во буџетот се согласно планираното, имаме одлична наплата, тоа значи дека Буџетот може да обезбеди реализација на сите расходи што се во него, односно што се гласани од страна на Собранието, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски. Одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавениот ребаланс на Буџетот, рече дека секогаш во изминатите […]

Овчарите бараат повисоки субвенции или поддршка за предадено грло во кланица


Овчарите бараат повисоки субвенции или поддршка за предадено грло во кланица Зголемување на субвенциите за 800 денари по грло или воведување интервентна мерка–поддршка за предадено грло во кланичен капацитет, ќе побараат од државата одгледувачите на овци. Овие две опции тие ќе ги разгледаат утре, на состанок во Тетово, а целта е, како што велат,изнаоѓање најсоодветно […]

До РКЕ поднесени 1.300 барања од исклучени граѓани од парно, најголем дел позитивно решени


До Регулаторната комисија за енергетика биле доставени околу 1.300 барања од граѓани кои се исклучени од системот за парно греење. Најголем дел од барањата се разгледани и во  99,2 отсто од нив е позитивно решено. – Процедурата заврши на 31 мај. Добивме околу 1.300 барања од кои на 1.120 им имаме одговорено. Остануваат уште 180 […]

Иселување – вест е дека некој се вратил


Кога на продавница ќе видите закачен лист на кој пишува дека се бара продавачка, првата асоцијација е дека претходната си заминала на работа во странство. Што не мора да биде точно. Но, кога вашите пријатели доктори ќе ви најават дека интензивно го учат германскиот јазик затоа што планираат иднина во Германија, потоа дека култни кафеани […]

ИТ професионалците пасивни баратели на работа


Седумдесет отсто од ИТ професионалците се пасивни баратели на работа. Најбарани се програмерите, особено на сениорски позиции. Ова го покажува истражувањето на компанијата Лаика која го поврзува ИТ секторот од земјава, Србија, Бугарија и Хрватска на една платформа и им помага да најдат работа, но од друга страна и ИТ компаниите да најдат нови кадри. […]

Се скина кабел на жичницата во Швајцарија, седум повредени


Најмалку седум лица се повредени кога кабел, кој ја придржува гондолата во швајцарско планинско одморалиште, се скина во тек на редовно одржување. Како што наведе полицијата, спасувачи се пратени на жичницата на планината Титлис во кантонот Обвалден, пренесува Ројтерс. Пратени се четири хеликоптери, наведе хеликоптерската служба за итни ситуации.

Ќе се градат три нови патарини


Три нови патарини ќе никнат на автопатите во земјава, кои возачите ќе ги чинат дополнителни трошоци. Владата соопшти дека ќе се изградат патарини на автопатите кај Демир Капија – Гевгелија, но и на новите патни правци Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип. Владата даде зелено светло и за можноста за електронска наплата на патарината […]

Расте осигурувањето на имотите


Штета за домаќинствата од излевање инсталации и од пожар се најчестите ризици по кои има исплата на штети во осигурителните компании. Основните ризици од кои граѓаните може да го осигураат својот дом се пожар, гром, експлозија, излевање вода од инсталации, манифестации и демонстрации, паѓање летала и невреме. Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето наведуваат дека […]

Со новиот царински систем, нема лажен извоз на стоки за затајување ДДВ


Со новиот систем за дигитална обработка на царински декларации и акцизни документи -СОЦДАД се очекува намалување на затајувањето на ДДВ. Зашто Царината, но и Даночната управа преку системот на интеропарабилност ќе имаат увид во целокупното движење на стоките и ќе можат електронски да проверат дали камионите натоварени со стока навистина излегле од државата или и […]

Железничка линија Скопје-Солун-Скопје


„Железници на РСМ – транспорт“ информираат дека од 15 месецов се воведува тарифска понуда „Сити стар“ за повратно патување на релација Скопје-Солун-Скопје. Во објавата на веб-страницата на железничкото претпријатие е наведено дека цена на чинење на возниот билетот е во зависност од бројот на патници кои патуваат заедно, но најмногу пет возрасни лица и едно […]

Подостапно осигурувањето на домаќинствата, расте бројот на склучени договори


Штета на домаќинствата од излевање инсталации и како елементарна непогода пожар се најчестите ризици по кои има исплата на штети во осигурителните компании. Основните ризици од кои може да го осигураат својот дом се пожар, гром, експлозија, излевање вода од инсталации, манифестации и демонстрации, паѓање летала и бура. Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето наведуваат […]

Седумдневно летување за деца од семејства со социјален ризик


Владата вчера на седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и за деца корисници на посебен додаток за лето 2019 година. Министерството за труд и социјална политика е задолжено во рок од пет дена да донесе Програма за […]

Охрид бара место на гастрономската мапа


Охрид – Охрид мора да работи на изготвување стратегија што ќе го позиционира на светската туристичка мапа. Да дефинира што е она што ќе понуди на светскиот туристички пазар, нешто што ќе им покаже на потенцијалните туристи што можат да очекуваат пред да се решат да дојдат тука. Тоа е генерално ставот на Андреа Бијаџини, […]

Донесена одлука за висината и начинот на наплата на патарина


Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина. Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – […]

Поевтинуваат горивата


Од еден до еден и половина денар се намалува малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. Според одлуката, за еден денар се намалува цената на Еуросупер БС 98, додека за денар и половина поевтинуваат Еуросупер БС 95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство. Новата цена на […]

Царината не прифаќа извозни декларации на хартија  


Од ноќеска на полноќ стартуваше новиот царински софтвер за обработка на царински документи. Македонија е прва земја во регионот што ги исфрла хартиените царински декларации и ги заменува со дигитални. Прва обработена декларација, пет минути по полноќ, беше она на американската компанија „Адиент“ што работи во зоната во Струмица, а втората и третата беа на […]

Од милионскиот канабис-бизнис само полни магацини


Од канабис-бизнисот најавен како милионски, производителите по две години имаат само полни магацини со цвет и масло. Не можат да го продадат ни на домашниот ни на странскиот пазар. За да ги променат состојбите на незнаење, немање соодветна регулатива и неангажираност, компаниите што се лиценцирани за одгледување на канабис преку здружение во Стопанската комора, „Макканабис“, […]

Министерски мерак


Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера се качи на еден од ровокопачите во дворот на битолската компанија „Синпекс“. Министерството за финансии информираше дека 30 општини добија механизација преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП). Станува збор за десет ровокопачи во вредност од 45,7 милиони денари, кои се обезбедени како грант-средства од ЕУ. Во 2013 […]