Министерски мерак


Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера се качи на еден од ровокопачите во дворот на битолската компанија „Синпекс“. Министерството за финансии информираше дека 30 општини добија механизација преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП). Станува збор за десет ровокопачи во вредност од 45,7 милиони денари, кои се обезбедени како грант-средства од ЕУ.

Во 2013 година и тогашниот министер за финансии, Зоран Ставрески, се качи на трактор за да го заора првото парче земја од Џумајлија, откако таа му беше продадена на индискиот бизнисмен Субрата Рој. 

(А.С.)