Се скина кабел на жичницата во Швајцарија, седум повредени


Најмалку седум лица се повредени кога кабел, кој ја придржува гондолата во швајцарско планинско одморалиште, се скина во тек на редовно одржување.
Како што наведе полицијата, спасувачи се пратени на жичницата на планината Титлис во кантонот Обвалден, пренесува Ројтерс.
Пратени се четири хеликоптери, наведе хеликоптерската служба за итни ситуации.