Подостапно осигурувањето на домаќинствата, расте бројот на склучени договори


Штета на домаќинствата од излевање инсталации и како елементарна непогода пожар се најчестите ризици по кои има исплата на штети во осигурителните компании. Основните ризици од кои може да го осигураат својот дом се пожар, гром, експлозија, излевање вода од инсталации, манифестации и демонстрации, паѓање летала и бура.

Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето наведуваат дека во последно време граѓаните се заинтересирани да го осигуруваат својот дом и од ризикот земјотрес. За да се осигура од кражба домаќинот треба да плати исто така дополнително од оние седум основни ризици.

Полисата што треба да ја плати едно семејство за осигурувањето од седумте основни ризици за стан од 50 илјди евра вредност, од АСО посочуваат дека премијата би била околу 25 евра годишно.

Климе Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето истакнува дека продуктите стануваат подостопани за граѓаните и дека во првиот квартал од годинава има зголемување на бројот на склучени договори, при намалена остварена бруто полисирана премија.

-Кај физичките лица има огромен пораст во бројот на продадени догвоори во првиот квартал од оваа година, што се должи и на полисите во земјоделството. Цената има свое влијание, бидејќи имамем зголемен број на продадени договори, а имаме намалување на остварената бруто полисирана премија. Тоа значи дека продуктите се подостапни. Најчесто кај домаќинското осигурување и се осигуруваат од основните ризици – пожар, поплава  не од надворешно влијание, туку од инсталации, но исто така и застапеност и на кражба, што не влегува во основен ризик. Како дополнителен ризик последно време се купува и земјотрес, изјави Попоски.

Бројките покажуваат дека во првиот квартал е забележан пад на бруто полисираната премија од 5,83 отсто. Остварената бруто полисирана премија од домаќинско осигурувње изнесува 455,76 милиони денари. При тоа е забележан раст на бројот на склучени договори од 26,39 отсто.

-Кај физичките лица има пораст од 33,55 отсто на бројот на склучени договори, а бруто полисираната премија е зголемена за 89,98 отсто. Бројот на договори кај правните лица бележи зголемување од 8,23 отсто додека кај бруто полисираната премија се заблежува пад од 21,78 отсто., соопшти Попоски.

Тој додаде дека како дел од осигурувњето на имот се заблежува пораст кај земјоделско осигурување од 216,69 отсто со бруто полисирана премија од 80,9 милиони денари со склучени 523 договори што претставува пораст од 82,9 отсто.

Осигурувањето на имот е на второ место во вкупната бруо полисирана премија после автоодговорноста, и бележи раст од 21,84 отсто.

Компаниите на клиентите покрај осигурување од основните ризици имаат понуда за повеќе ризици. Низ повеќе комбинации може да се направи осигурување според потребите на клиентот. дополнително може да го осигураат домот од кражба, поплава, штети кон соседи, нужно сместување, осигурување на стварите во домот…