Ќе се градат три нови патарини


Фото: Б. Грданоски

Три нови патарини ќе никнат на автопатите во земјава, кои возачите ќе ги чинат дополнителни трошоци. Владата соопшти дека ќе се изградат патарини на автопатите кај Демир Капија – Гевгелија, но и на новите патни правци Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип. Владата даде зелено светло и за можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.

Надлежните сè уште не ги откриваат цените, односно колку граѓаните ќе плаќаат на новите патарини. Нема информации ниту кога ќе биде пуштен во употреба новиот автопат Миладиновци – Штип, а се апелира да не се вози преку него бидејќи се прават проверки од безбедносен карактер.