Анѓушев: Во наредните две до три години нови 350 мегавати од обновливи извори
Направивме одличен модел што ќе предизвика развој на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и нема да влијае на крајната цена што ќе ја плаќаат потрошувачите на електрична енергија. Тоа е системот на премиуми, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на Македонскиот енергетски форум 2019. Тој на првиот панел на форумот „Енергетска транзиција во светот […]