За еден ден 500-те најбогати во светот загубија 2,1 отсто од богатството


Драматичен пад на акциите на Волстрит избриша 2,1 процент од нето-вредноста на заедничкото богатство на 500 најбогати луѓе во светот, јавија американски медиуми.

Дваесет и еден член на списокот на милијардери на Блумберг загубија една милијарда долари или повеќе, бидејќи инвеститорите панично реагираа на зголемените тензии меѓу САД и Кина.

Џеф Безос, основачот на „Амазон“ претрпе најголема загуба од дури 3,4 милијарди американски долари. Сепак, тој се уште е најбогат човек во светот, со богатство од 110 милијарди долари.

Тие загуби се пресврт за светски најбогатите луѓе кои до вчера бележеа постојан раст на вредноста на акциите на нивните компании.