НЛБ Банка предупредува: Непознати лица испраќаат лажни е-маил пораки


НЛБ Банка АД Скопје известува дека во текот на денот се испратени лажни е-меил пораки од страна на непознат испраќач кој фалсификувајќи го идентитетот на НЛБ Банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече доверливи податоци од целната група до која е испратен овој маил.

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на Банката) добиваат пораки од маил адресата: NLB Banka AD <[email protected]>, со предмет на порака: Интербанкарна трансферна исплата/TT-payment.

Банката се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адресата: NLB Banka AD <[email protected]> со цел заштита од злоупотреба на податоците. Доколку ваквите пораки заедно со прилозите биле веќе отворени, потребно е да се обратите за помош до ИТ професионалец.

НЛБ Банка АД Скопје потенцира дека сите нејзини известувања испратени преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат.

Во меѓувреме, Банката ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.