Почна електронското плаќање на патарините


Почна електронското плаќање на патарините во земјава, при што продажбата на картички и на тагови е над очекувањата. Така, само за 20 дена се продале 5.048 тагови и картички за електронска наплата на патарина. Картичките и таговите се купуваат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец, а можат и да се надополнат и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според досегашното искуство, таговите што се монтираат во возилото повеќе ги користат компаниите, така што сензорот уште од далеку ги регистрира, а рампата се крева, така што возилото поминува без никакво задржување.

Картичките повеќе  ги користат физички лица, а со нив може да се помине на која било од рампите, дури и кога нема наплаќач затоа што системот е независен. Картичките чинат 100 денари и се надополнуваат со минимум 300 денари. Таговите, пак, чинат 1.200 денари и исто така се надополнуваат.

Картичките и таговите што се купуваат во Контролниот центар во Петровец може да се надополнат и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта.