Убер преку меил отпушти 400 работници


Американската компанија Убер оваа недела отпушти 400 работници кои биле вработени во одделот за маркетинг.

Во известувањето пратено по меил, извршниот директор на најголемата комапнија за посредување во услугите со превоз во светот, на вработените им пратил меил, во кој ги известил дека на овој чекор се одлучил не затоа што маркетингот ја губи важноста во Убер, туку сосема спротивно, сака да го направи подобар и поефикасен.

Компанијата со откази понала во понеделник наутро во 8 часот, кога новата шефица за комуникации работниците ги известила по меил, а потоа следеле поединечни состаноци со секој од отпуштените работници во одделението за човечки ресурси, пишува Новац.хр.

„Овие проомени се многу тешки затоа што влијаат врз животите на луѓето. Но, голем дел од нашите улоги како лидери е да се донесуваат такви тешки одлуки врз основа на она што е најдобро за Убер на долгорочен план и да се биде искрен за причините зошто ги донесуваме таквите одлуки“, вели директорот.