ССМ : Надоместокот на плата да се исплаќа според Колективниот договор, ако е поповолен за вработените 


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска реагираше на информацијата објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика дека додека се во сила мерките за справување со коронавирусот, работодавачите согласно член 112 од Законот за работни односи може да исплаќаат надоместок на плата во висина од 50 проценти во случај на отсуство од […]

Да не се зголеми акцизата за екстра лесното гориво, бараат преработувачите


За Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) не е прифатлив предлогот на Стопанската комора за зголемување на акцизата на екстра лесното гориво, бидејќи тоа ќе влијае на зголемувањето на производствените трошоци, а со тоа ќе се намали и конкурентноста на производите наменети за извоз. – Екстра лесното гориво (ЕЛГ) е многу важен енергенс кај поголемиот број […]

Речиси сите компании ќе претрпат штета, проценува Организацијата на работодавачи


ОРМ ќе предложи нови мерки за бизнисот заради намалување на штетите од корона кризата, за што спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената економска активност   Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) спроведува анкетно истражување кое треба да даде попрецизна слика за обемот и последиците од намалената […]

„Фолксваген“ продолжува со производство во Германија и Словачка


Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, соопшти дека следната недела продолжува со производство на погони за патнички возила во Европа. Првата фабрика, со седиште во Волфсбург, ќе започне со работа во Германија и Словенија. Останатите фабрики на „Фолксваген“ во САД, Португалија, Шпанија и Русија ќе продолжат со работа по 27 април. Фабриките во Јужна Африка, Аргентина, […]

Илија Гечев: За ИГМ поголем проблем се квотите од ЕУ отколку корона кризата


Владата, според Гечев, при одредување на помошта не треба да се да се заморува со големите извозни компании. Тие самите ќе го најдат својот пат. Треба да им помогне на малите и средни претпријатија   Мирче Јовановски Компанијата „ИГМ Трејд“ деновиве се најде во фокусот на вниманието на јавноста откако донираше 250 илјади евра, што […]

Корона вирус: Г20 го одложи плаќањето на долговите на најсиромашните земји


Земјите што припаѓаат на групата водечки економии Г20 се согласија да ги суспендираат плаќањата на долговите на некои од најсиромашните земји во светот. Договорот опфаќа пари што треба да бидат им бидат платени на владите на Г20 до крајот на 2020 година. Целта е да им се помогне на земјите да се справат со здравствените […]

Американците ќе добијат чекови од 1.200 долари со потпис на Трамп


Министерството за финансии на САД денеска почна со исплата на 1.200 долари за Американците кои добиваат минимална и просечна плата. Тоа се пари што ќе ги добијат во рамките на мерките за стимулација на економијата, а ќе бидат со печат и потпис на претседателот Доналд Трамп. Според „Вашингтон пост“ Министерството дало наредба на левиот дел […]

Преполовен профитот на Голдман Сакс поради издвоените резерви за покривање кредити


Групацијата Голдман Сакс денеска соопшти за пад од 49 проценти во нејзината квартална добивка, бидејќи банката издвои речиси една милијарда американски долари за да ги покрие идните доцнења на клиентите со отплата на кредитите и загубите на своите должнички хартии од вредност и капитални инвестиции. Нето профитот на банката падна на 1,12 милијарди американски долари […]

Адидас доби кредит од 2,4 милијарди евра од германската државна банка


Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ доби кредит од државната развојна банка КфВ во износ од 2,4 милијарди евра за да се справи со последиците од пандемијата на Ковид-19. „Државната банка се обврза да одобри кредит од 2,4 милијарди евра, а дополнителни 600 милиони евра кредит одобри група банки. Поради тешките последици во работењето од […]

Кризниот штаб при Стопанската комора одговорил на повеќе од 2.500 повици на компаниите


Вработените во Стопанската комора на Македонија и Кризниот штаб при Комората одговорија на околу 2.500 прашања од компаниите во периодот од 25 март наваму од кои најголем дел се однесуваат на детали околу дозволите што ги издаваат работодавачите за движење на нивни вработени поради вршење на сменска и ноќна работа, информираат од Комората. -Од досегашната […]

Инспекторите не може да земаат примероци за присуство на корона вирус во супермаркетите


Државниот здравствен и санитарен инспекторат нема ингеренции за земање брисеви од супермаркетите. Единствената превенција е личната свесност и одговорност на граѓаните, а дел од одговорноста е на правните субјекти кои стопанисуваат со објектите, изјави денеска директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова. Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, Сотирова апелираше […]

Приходите во Буџетот помали за 12 отсто во однос на март лани, во однос на планот за 24 отсто


Во март годинава за 12,28 отсто се намалени приходите во Буџетот во споредба со истиот месец од 2019 година, а во однос на планот намалувањето е 24 проценти, при што најголем пад од 16,85 отсто има кај ДДВ, падот кај данокот на добивка е 10,78 отсто, додека најмал пад од само 1,11 отсто има кај […]

Стопанските комори ќе истражуваат како да се добие битката со корона кризата


Со цел утврдување на состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со корона вирусот и можните мерки за излез од економскиот застој, Стопанските комори изработија анкетен прашалник за претставниците на бизнис секторот. Целта на прашалникот, како што наведуваат од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ преку кој ќе се спроведе истражувањето, е да се добијат […]

Нов пакет на мерки за друштвата за осигурување за олеснување на работата


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ослободи 30 милиони евра ликвидни средства со цел друштвата за осигурување да можат да ги употребат за тековно работење во услови на вонредна состојба, кога се соочуваат со намалување на продажбата на осигурителни полиси. Со ослободување на 10 отсто од резервите, друштвата добиваат 1,8 милијарди денари ликвидни средства чија […]

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај


Правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам и транспорт и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година, најави денека […]

Инспекторите нашле и производи со поминат рок во промет


Затворени уште 60 кафемати, нехигиенски одржувани објекти, производи со поминат рок, непочитување на мерките на Владата, констатирале инспекторите во периодот од 9 до 13 април. -За период од 9 до 13 април извршени се 1.319 надзори. Од нив 514 од пазарен инспекторат и еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти. Затворени се 5 […]

Нарачките од дома ги кренаа акциите на Амазон до плафон


Имотот на најбогатиот човек на светот, менаџерот на американската корпорација Амазон, Џеф Безос, во само еден ден се зголеми за 6,3 милијарди долари заради досега незабележано високата цена на нејзините акции, соопшти магазинот Форбс. Форбс наведува дека вчера на „Вол Стрит“ цената акциите на најголемиот светски онлајн трговец  се зголемија за дополонителни 5,3 отсто, по […]

(Во живо) Прес на Инспекцискиот совет


Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини – директор на Државен инспекторат за транспорт и […]

Битола ги ослободи од фирмарина занаетчиите


Градоначалникот на Битола Наташа Петровска во рамки на првиот сет економски мерки предожи сите занаетчии и трговци поединци да бидат ослободени од плаќање фирмарина на годишно ниво. Општина Битола за ублажување на економските последици предизвикани од актуелната пандемија, ќе донесе и други мерки од најзина надлежност, информираа од тамошната локална самоуправа. -Како градоначалник предложив ослободување […]

ЕУ ги укина извозните рестрикци за набавка на медицинска опрема за земјите од Западен Балкан


По иницијатива на шефот на дипломатијата Никола Димитров, на која се приклучија сите министри за надворешни работи од регионот, Европската комисија започна консултации со земјите членки за географско прилагодување на предлог регулативата за извозни рестрикции за медицинска опрема, со која земјите од Западен Балкан ќе бидат изземени од обврската за барање на извозни дозволи за […]