САД ќе го суди Гугл

Министерството за правда на САД и јавните обвинителства на неколку американски сојузни држави наскоро може да почнат судски процес против компанијата „Алфабет Инк“ на Гугл за нарушување на антимонополските закони, објави „Волстрит џурнал“.

Според изворите на весникот, тужбата од Министерството за правда се очекува летово. Јавните обвинители на низа држави на чело со Тексас пак, тужби ќе поднесат на есен. Претензиите на Министерството се поради тоа што Гугл со години оддржува нефер предност во рекламниот бизнис онлајн, обвинителите сметаат дека компанијата има премногу контрола во таа област.

– Гугл оди по стапките на Мајкрософт. Во 1998 година компанијата на Бил Гејтс беше принудена да ја напушта монополската позиција на пазарот со програмите за персонални компјутери, по што се случи бум во технолошкиот сектор на САД, пишува „Волстрит џурнал“.

Проверките поврзани со Гугл во март ги потврди и Вилијам Бар, министерот за правда на САД. Јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, соопшти дека од Гугл бил побаран пристап до документи, истрагата ќе заврши на есен.

Како што е веќе познато, тужба против Гугл во Европската комисија во фебруари поднесоа 34 компании, обвинувајќи го американскиот технолошки гигант за несовесно промовирање на своите производи. Регулаторите на ЕУ од Гугл веќе неколкупати наплатија казни за нарушување на антимонополските закони во висина од 8.5 милијарди долари.