Што донесоа договорите за слободна трговија на ЕУ на божиќните трпези на Европејците


Благодарение на договорите за слободна трговија што Европската Унија ги склучи со трети партнери, на овогодишните божиќни трпези на Европејците се најдоа некои прехранбени производи по пониски цени. Ова уште еднаш потврдува дека она што се случува и одлучува во Брисел влијае и на она што завршува во плакарите и фрижидерите и на трпезите на […]

Визер, Рајанер и Кроација ерлајнс со најголемо зголемување на капацитетите во регионот во првиот квартал од 2026 година


  Визер, Рајанер и Кроација ерлајнс ќе додадат најмногу нови седишта на пазарите на поранешна Југославија во текот на претстојниот прв квартал (јануари – март) во споредба со истиот период во 2025 година. Меѓу нив, Визер и Рајанер, заедно со Ер Србија, ќе се рангираат како најголеми превозници според достапниот капацитет на седишта. Визер ќе […]

Пристигнаа првите цевки за гасниот интерконектор со Грција, проектот влегува во клучна фаза на реализација


Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности НОМАГАС Скопје соопшти дека со пристигнувањето на првите пратки цевки од реномираниот европски производител „CORINTHPIPEWORKS“, изградбата на гасниот интерконектор влегува во нова, значајна фаза на теренска реализација. Овој чекор означува почеток на поинтензивни градежни активности за еден од најзначајните капитални проекти во државата. Изведбата на ваков стратешки инфраструктурен […]

Избран изведувач за изградбата на 400 kV интерконекција Битола-Елбасан, МЕПСО го рестартира проектот


Меѓународен конзорциум предводен од DALEKOVOD d.d. од Хрватска  е избран за најповолен понудувач на тендерот за изградба на 400-киловолтната интерконекција Битола – Елбасан (Компонента 1: ДВ од ТС Битола 2 преку ТС Охрид до македонско-албанската граница), со што Македонскиот електропреносен оператор, АД МЕПСО, ја предолжува реализацијата на проектот за којшто беше раскинат договорот со претходниот […]

Останува повластената стапка на ДДВ од 5 отсто на новоизградени станови до крајот на 2028.


Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти […]

УЈП за протестот во Куманово: Резидентите кои веќе платиле данок во странство нема да бидат двојно оданочени


Во врска со најавениот протест во Куманово за ретроактивно оданочување на приходи остварени во странство, Управата за јавни приходи известува дека постапувајќи согласно Уставот, законите и меѓународните договори што ја обврзуваат Република Северна Македонија, има обврска да обезбеди еднаква примена на законските правила за сите граѓани. Затоа, пред сè, сакаме јасно и недвосмислено да појасниме […]

Кумановци кои работеа во Ирак и Авганистан на протести поради барањата на УЈП за данок во 2020


  Граѓаните кои со години работеа во американски фирми во Ирак и Авганистан денеска мирно протестираа на малиот градски плоштад во Куманово и побараа Управата за јавни приходи (УЈП)  да ги ревидира известувањата за плаќањата за персонален данок на доход за период од 2020 година, наваму. Граѓаните на почетокот на протестот јасно укажаа дека ниту […]

Три странски компании потврдија дека ќе инвестираат кај нас, а со десет се преговара, најави Мицкоски


Со три странски компании кои пројавиле интерес за инвестиции и отварање на фабрики во земјата завршени се преговорите, а станува збор за капацитети во автомобилската, потоа индустријата на високи технологии и фармацевтска индустрија, потврди денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. -Веќе три се завршени со преговори и потврдени. Донесена е одлука, во вредност од прилика […]

УЈП досега наплатила 1 милион евра данок од 2.500 лица кои имале приходи во странство пред пет години


  Управата за јавни приходи до сега наплатила речиси еден милион евра даноци од лицата кои што остварувале приходи во странство пред пет години, а кои според евиденцијата на УЈП не ги пријавиле во своите даночни пријави. Ова денес на прес-конференција во Владата го посочи директорката на УЈП, Елена Петрова, која рече дека акцијата за […]

Нема да има промена на даноците, вели Димитриеска-Кочоска


Проектираниот реален раст од 3,8 отсто за 2026 година е реално остварлив. Даночните приходи ќе се реализираат согласно планираното, а дигитализацијата е клучниот фактор во сериозно зголемување на ефикасното трошење на буџетските пари, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. -Проектираниот реален раст за 2026 година е 3,8 отсто и сметам дека е реално остварлив. Но, […]

Потребна е конкретна и непосредна иницијатива од Владата за дијаспората да се врати и инвестира во Македонија, велат од Партијата за движење на Турците


Во врска со неодамнешниот повик на премиерот Христијан Мицкоски до дијаспората да се врати и инвестира во Македонија, Партијата за движење на Турците (ТХП) сака да истакне дека за овој гест да биде сфатен како искрен, потребна е конкретна и непосредна иницијатива од страна на Владата на Македонија. Основен чекор во таа насока би било […]

Банкарскиот сектор е стабилен и сигурен: Советот на НБ го усвои Извештајот за ризиците за третиот квартал од 2025.


На редовната седница на Советот на Народната банка е усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година. Во Извештајот се оценува дека и во третиот квартал од 2025 година, банкарскиот сектор работи стабилно и сигурно, со висока солвентност, подобрена ликвидност и со подобар квалитет на кредитното портфолио. Стапката на адекватност […]

Унгарски „МОЛ“ во игра за преземање на НИС – чекор што може да ги симне санкциите на САД


Веќе 77 дена „Нафтената индустрија на Србија“ работи под санкции на американската влада, а излезот од ситуацијата се бара преку продажба на мнозинскиот удел на руските акционери. Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека унгарската компанија МОЛ води преговори за преземање на овој пакет, при што и Белград и Будимпешта официјално […]

Стопанската комора бара дебата за БДП, извозот, градежништвото, металургијата,…


Стопанската комора на македонија во соопштение до медиумите посочува дека во континуитет алармира дека една мала земја како нашата, за да опстане, мора да има раст на БДП-то поголем од 5% и да го зголемува постојано извозот. „Денеска можеме да констатираме дека раст на БДП од над 5% сме имале само во 2008 година, а […]

Празнични попусти на ексклузивни брендови за совршен стил само во Рамстор Мол


Празничниот дух веќе се чувствува, а Рамстор Мол и оваа година е централната дестинација за сите кои сакаат да ја пречекаат Новата година со стил. Без разлика дали сте во потрага по совршениот изглед за празничната вечер или сакате да ги изненадите вашите најблиски со уникатен подарок, нашите продавници нудат врвна селекција на светски брендови, […]

Како Трамп стана побогат за 500 милиони долари


Критичарите често го обвинуваат Доналд Трамп дека ги поврзува своите приватни финансиски интереси со функцијата претседател на САД. Најновата работа на самопрогласениот „договорник“ веројатно дополнително ќе ги зајакне во овој поглед, пишува Дојче Веле, потсетувајќи дека „Трамп Медиа енд Технолоџи Груп“ (TMTG) минатата недела објави спојување со енергетската компанија TAE Technologies. Спојувањето вреди повеќе од […]

Ова се најкористените апликации за е-трговија во светот


Мобилните апликации станаа главен влез во светот на онлајн купувањето за стотици милиони потрошувачи ширум светот. Од секојдневните потреби до брзата мода и електрониката, апликациите за е-трговија денес го обликуваат начинот на кој луѓето пребаруваат, споредуваат и купуваат производи преку границите.   Извор: Visualcapitalist.com Оваа визуелизација ги рангира најпопуларните апликации за е-трговија во светот во […]

Николоски: Граѓаните да внимаваат и да купуваат стан кој веќе е изграден, а не во градба


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат […]

ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити


Компанијата ТИТАН Усје до медиумите испрати реакција во која ги отфрла обвинувањата со кои таа се посочува како загадувач. Соопштението – реакцијата го пренесуваме во целост:     Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники […]

ДЗР: ФИТР без централизирана база за следење на доделените пари, утврдени сериозни слабости во работењето


Државниот завод за ревизија утврдил сериозни слабости и недоследности во финансиското работење и управувањето на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за 2024 година, вклучително и отсуство на централизирана база на податоци за доделената финансиска поддршка и механизми за следење на ефектите од поддржаните проекти. Според ревизорскиот извештај, ФИТР нема воспоставено систем за систематско и […]