Мерката 14.500 денари ги задржа работниците, но дел не добија плати, парите завршија кај работодавачите, ќе следат санкции


Да се поддржат фирмите и да не се отпуштат работниците, со ваква цел беше воведена мерката за плата од 14.500 денари по вработен, како дел од економските пакети на Владата за ублажување на последиците од корона-кризата. Според надлежните, таа имаше позитивно влијание и немаше отпуштање на вработени, но анализите покажаа дека голем дел од работниците […]

Мајкрософт за вработените во САД ја продолжува мерката работа од дома до 2021 година


САД – Вработените во Мајкрософт во САД ќе имаат можност да работат од дома најмалку до 19 јануари следната година поради пандемијата со новиот коронавирус, соопшти компанијата. И Гугл претходно соопшти дека на своите вработени ќе им овозможи работа од далечина барем до крајот на јуни 2021 година. Тоа укажува дека големите компании се подготвуваат за […]

Јовановиќ: Секаде ги намалуваат трошоците поради кризата, ние ги зголемуваме


Економскиот аналитичар и поранешен советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, реагираше против зголемувањето на цената на струјата, укажувајќи дека другите држави за време на криза ги намалувале трошоците за граѓаните. „Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше […]

Српската месна индустрија пред колапс, не знаат што да прават со бифтекот и ќебапите


Најголема побарувачка за месо има во текот на летото, поради што цените растат, но сега пазарот е презаситен поради падот на извозот и недоволниот број туристи   Месната индустрија во Србија е пред колапс затоа што нема кому да го понуди свинското, говедското и пилешкото месо, бидејќи хотелите и рестораните се празни заради пандемијата на […]

На повидок е социјална криза, предупредува Конфедерацијата на слободни синдикати


Неформирањето на влада и свесното одолговлекување на нејзиното формирање влијае на целата ситуација во која се наоѓаме со коронакризата, пред се од здравствен, а потоа и од економски аспект. Секое економско продлабочување на кризата води кон социјална криза и губење голем број работни места или значително намалување на и така нискиот приход кој вработените го […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се препукуваат за поскапувањето на струјата


Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за 7,4 отсто од септември денес се најде во средиштето на препукување меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција покажа со прст кон СДСМ дека дала амин за најголемото покачување на цената на струјата во Македонија до сега. Од СДСМ, пак, преку соопштение одгворија […]

И Фондот за иновации ќе ги казни компаниите што не исплатија државна помош


Фондот за иновации и технолошки развој ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош. Како што информираат, стaнува збор за три активни проекти, од кои за еден се досега исплатени финансиски средства (Гери Ван Симон ДООЕЛ), а кои се предмет на мониторинг […]

Според ВМРО-ДПМНЕ ова е најголемо поскапување на струјата досега


ВМРО-ДПМНЕ го оцени денешното поскапување на струјата како најголемо во Македонија досега. -Регулаторната комисија за енергетика под контрола на СДСМ удри по џебот на граѓаните.Парите кои СДСМ ги потроши за поткуп сега ќе ги враќа во буџетот преку покачени давачки, кои треба да ги плаќаат граѓаните.Домаќинствата низ цела Република Македонија, сега ќе треба да го […]

Тисенкруп ја продаде фирмата за лифтови за 17,2 милијарди евра


Германскиот конгломерат Тисенкруп денеска соопшти дека ја заврши продажбата на фабриката за производство на лифтови на приватни инвестициски фирми за 17,2 милијарди евра. Тисенкруп со продажбата си обезбеди финансиска инекција, но во исто време остана и без својот најдобар имот. Германскиот индустриски гигант во февруари постигна договор за продажба на фирмата ТК Елеватор конзорциум на […]

Кредитирањето во вториот квартал ги надмина проекциите на Народната банка


Мерки на Народната банка донесени од почетокот на кризата, со коишто се создадоа услови за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, овозможија пораст на кредитирањето во периодот април, мај и јуни, пред се на претпријатијата, оцени денес Советот на Народната банка. Како што се […]

РКЕ не донесе одлука за цената на парното


Регулаторната комисија за енергетика денеска не донесе одлука за цената на парното греење што го плаќаат скопјани. Како што истакна директорот на РКЕ Марко Бислимоски, одлуката не е донесена заради сериозните забелешки што ги имале од БЕГ кои немале време да ги разгледаат. -Согласно измените што ги направивме на правилниците на почетокот на јуни имаме […]

Струјата поскапува за 7,4 отсто


Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,4 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради […]

БДП во еврозоната со пад од 14,4 отсто


Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 14,4 проценти во вториот квартал, соопшти Евростат. На квартална основа, овој број е 11,9  отсто. Во првите три месеци падот беше 3,6 проценти. Забележано е дека на овој начин европската економија влегува во рецесија. Еврозоната вклучува 19 земји. Според првата проценка, нивниот БДП се намалил за 12,1 отсто во вториот квартал […]

Народна банка: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка


Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити со што сега таа е сведена на ниво од 4,80 проценти. Кај вкупните депозити во јуни се бележи минимално намалување на просечната каматна стапка од 0,01 процентен поен во споредба со минатиот месец и таа изнесува 1,09 проценти. Народната банка денеска информираше за позначајните […]

Фискална стратегија: Помал буџетски дефицит, зелени даноци, 5 отсто ДДВ за топлинска енергија…


Во периодот 2021 – 2023 година порастот на вкупните расходи на Буџетот постепено ќе забавува од 11,7 отсто годинава, на 5,4 отсто во 2023 година, што ќе овозможи со очекуваната наплата на приходите постепено да се намалува и вкупниот буџетски дефицит од 6,8 отсто од БДП во 2020 година на 3,2 отсто во 2021 година, […]

Дуалното образование и „младинскиот додаток“ даваат резултати, вели Царовска


Компаниите во индустриските зони работат и покрај корона кризата. Секоја од нив има различна динамика, затоа и индивидуално се справува со предизвиците. Дел користеа владини мерки за поддршка, а дел се помогнати од нивните матични фирми, рече денеска вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска. Според неа, со социо-економските проблеми предизвикани од КОВИД се соочува целиот […]

Пекабеско донираше седум тони храна за најпогодените граѓани од коронакризата


– Компанијата „Пекабеско“ донираше седум тони храна за граѓаните кои најмногу се погодени од кризата предизвикана од коронавирусот. Од компанијата денеска информираа дека во текот на јуни и јули, во соработка со Црвениот крст, донирани се пакети со храна за 650 социјално загрозени семејства. Дел од донираните производи се користат и за потребите за бездомните […]

Бројот на вработени во индустријата намален за 5,2 отсто, најголем пад кај преработувачките капацитети


Бројот на работници во индустријата минатиот месец во однос на јуни лани е намален за 5,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, пак, во однос на јануари – јуни 2019 година, намалувањето на бројот на работниците изнесува 4,4 проценти. Според статистиката, најголем пад минатиот месец е евидентиран во […]

Извозот од зоните заклучно со јуни 820 милиони евра


Во изминатиот период извозот од индустриските зони значително порасна и заклучно со минатиот месец изнесува 820 милиони евра, рече денеска директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски. Младеновски, кој заедно со вицепремиерката Мила Царовска ја посети компанијата „Витек“ во ТИРЗ во Скопје 1, истакна и дека се при крај работите во Скопје […]

ВМРО-ДПМНЕ прашува: Се кријат ли дел од фирмите што не исплатиле државна помош?


Дали власта крие фирми кои зеле државна помош, а не ја исплатиле кај работниците? – праша ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го списокот кој вчера го објави Владата за фирми кои ја злоупотребиле државната помош за ковид-кризата. Од партијата во соопштението до јавноста, изразија сомнеж дека скандалот е поголем од што се прикажува. „Зошто беше објавен список со погрешни […]