ВМРО-ДПМНЕ прашува: Се кријат ли дел од фирмите што не исплатиле државна помош?


Дали власта крие фирми кои зеле државна помош, а не ја исплатиле кај работниците? – праша ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи го списокот кој вчера го објави Владата за фирми кои ја злоупотребиле државната помош за ковид-кризата. Од партијата во соопштението до јавноста, изразија сомнеж дека скандалот е поголем од што се прикажува.

„Зошто беше објавен список со погрешни податоци на фирми кои платиле? И на крајот најважното прашање, зошто за два дека презентираа различни суми, односно еднаш рекоа милион евра, за потоа сума да биде двојно помала или половина милион евра? Власта на Заев во многу наврати беше поврзувана со скандалозни исплати на државни средства. Оттука не би не зачудило ако поради ваквите нелогичности од половина милион евра се крие вистинскиот список на фирми во кои можеби се наоѓаат токму фирми на партиски функционери“, се вели во партиското соопштение.