Мајкрософт за вработените во САД ја продолжува мерката работа од дома до 2021 година


Извршниот директор на „Мајкрософт“, Сатја Надела со Мукеш Амбани за време на технолошки самит во Мумбаи, Индија

САД – Вработените во Мајкрософт во САД ќе имаат можност да работат од дома најмалку до 19 јануари следната година поради пандемијата со новиот коронавирус, соопшти компанијата.

И Гугл претходно соопшти дека на своите вработени ќе им овозможи работа од далечина барем до крајот на јуни 2021 година.

Тоа укажува дека големите компании се подготвуваат за долго траење на пандемијата.