Јовановиќ: Секаде ги намалуваат трошоците поради кризата, ние ги зголемуваме


Економскиот аналитичар и поранешен советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, реагираше против зголемувањето на цената на струјата, укажувајќи дека другите држави за време на криза ги намалувале трошоците за граѓаните.

„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, напиша Јовановиќ.