Бројот на вработени во индустријата намален за 5,2 отсто, најголем пад кај преработувачките капацитети


Бројот на работници во индустријата минатиот месец во однос на јуни лани е намален за 5,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, пак, во однос на јануари – јуни 2019 година, намалувањето на бројот на работниците изнесува 4,4 проценти.

Според статистиката, најголем пад минатиот месец е евидентиран во секторот Преработувачка индустрија опаѓање, за 5,7 отсто, по што следуваат секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање, 0,9 проценти и Рударство и вадење на камен, 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за еден отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,6, Капитални производи за 5,3, Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 проценти.