Николоски: Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на автопатот Кичево-Охрид


Со изградба на 14 градежни галерии ќе се стабилизира земјиштето на најкритичните делови од трасата на автопатот Кичево-Охрид, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во интервју за ТВ Алфа. Тој нагласи дека станува збор за најтешкиот дел од автопатот, каде се работи во планински предел со хетерогено земјиште […]

Лагард заработува околу 726.000 евра годишно, четири пати повеќе од шефот на американскиот ФЕД


Вкупниот приход на претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во 2024 година изнесуваше приближно 726.000 евра, што е за дури 56 проценти повеќе од нејзината официјална основна плата од 466.000 евра. Според анализата на британскиот „Фајненшл тајмс“, нејзиниот приход е речиси четири пати поголем од оној на претседателот на американските Федерални резерви Џером […]

Светските берзи силно пораснаа минатата година, доларот значително ослабе


Глобалните финансиски пазари забележаа силен пораст на цените на акциите минатата година, додека американскиот долар истовремено претрпе значително слабеење. Според пазарните податоци, светските берзи пораснаа за повеќе од 20 проценти во просек, цената на златото го постигна својот највисок годишен раст во последните 46 години, додека доларот ослабе за повеќе од девет проценти во однос […]

Продолжува динамичниот раст на дигиталните плаќања


Обемот и вредноста на платежните трансакции растат и во текот на третиот квартал од 2025 година. Дигиталните начини на плаќања и понатаму бележат особено брз раст, со што се потврдува сѐ поголемата дигитализација и модернизација на плаќањата, соопшти денеска Народната банка. Во однос на плаќањата со кредитни трансфери, во споредба со истиот период од минатата година, […]

Железничкиот сообраќај нормализиран откако во МЖ Транспорт добија плата за ноември лани


Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот и извршен персонал денеска е заокружена исплатата на ноемвриската плата и се работи на реализирање на останатите барања.  – Денес остваривме средба со државниот секретар во Министерството за транспорт г-дин Стефан Волкановски во врска со […]

Мицкоски за десетина дена треба да се сретне со „АКСА“, ќе ги договара приоритетите за гасификацијата


Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година. За најавената гасификација и инвестицијата на […]

Проф. Трајковски: Од Нова година стапија во сила јаглеродните царини на ЕУ, Македонија како и секогаш – неспремна


CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism) е европска „јаглеродна царина“ што стапи во сила на 1 јануари 2026 и има за цел да ги изедначи трошоците за јаглеродни емисии меѓу компаниите во ЕУ (кои ги плаќаат преку ETS – Emissions Trading System на ЕУ) и компаниите надвор од ЕУ што извезуваат во ЕУ, пишува професорот Дејан […]

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците


Министерството за економија и труд идната недела ќе прави анализа на цените на производите на крајот на минатиот месец и почетокот на месецов за да утврди дали имало поскапување и девијантно однесување од страна на трговците.    – Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и првите денови од […]

Царината во 2025-та наплати 2,14 милијарди евра, во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024


Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Како што соопшти Царинската управа, раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на […]

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права


Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско […]

Коридорите 8 и 10 „на мегдан“, домашната градежна оператива со очекувања


Патната карта на Македонија во годината што измина доби 37 автопатски километри на две делници на Кичево-Охрид  и 51,5 експресни километри, на делниците Градско-Дреново и Крива Паланка – Длабочица – Страцин. Во новата година треба да продолжи изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар -Букојчани и Прилеп-Битола на коридорите 8 и 10д од страна на американско-турскиот […]

ЕУ го укина роамингот за Украина и Молдавија


Од 1 јануари, Украина и Молдавија официјално се приклучија на единствената зона за роаминг на Европската Унија, што значи дека нивните граѓани можат да користат мобилни телефонски услуги низ цела ЕУ без дополнителни трошоци. Одлуката, која стапи на сила на Нова Година, им овозможува на Украинците и Молдавците да остваруваат повици, да испраќаат пораки и […]

Индија ја престигна Јапонија, цели кон Германија за третото место во светската економија


Индија официјално ја престигна Јапонија и стана четврта најголема економија во светот со бруто домашен производ од 4,18 трилиони долари, а се очекува да ја престигне Германија и да го заземе третото место до 2030 година. Владата во Њу Делхи, во својот годишен извештај, прогнозира дека бруто домашниот производ на Индија ќе изнесува 7,3 билиони […]

Новите европски еколошки тарифи стапија во сила


Денес стапуваат на сила нови европски „зелени тарифи“ за производителите на челик, цемент и други производи со интензивен јаглерод, со цел да се поттикне декарбонизацијата, објавува „Гардијан“. Целта на новите мерки е да се обезбеди компаниите што ги продаваат овие производи во ЕУ да ги почитуваат прописите или да се соочат со казни. Според претставникот […]

Златото ги сруши сите рекорди во 2025 година: Еве колку ќе имавте, ако лани инвестиравте 1.000 евра


Во 2025 година, златото напиша нова страница во финансиската историја, рушејќи ги сите претходни рекорди и во еден момент достигнувајќи цена од околу 4.500 долари за унца. Најдобрата година за благородниот метал од 1970-тите им донесе на инвеститорите ретко видени приноси, потврдувајќи го неговиот статус на безбедно засолниште во време на глобална неизвесност. По рекордната […]

Дурмиши: Годината ја почнуваме со добри вести, почнува примената на законот за сезонска и привремена работа


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши преку објава на Фејсбук потсетува дека од денес стапува на сила законот со кој им се овозможува на студентите и пензионерите да бидат ангажарани за сезонска и привремена работа без притоа да ги изгубат бенефитите што им следуваат. – Годината ја започнуваме со добри вести! Денес, 1 јануари, […]

Најбогатите луѓе лани заработија рекордни 2,2 илјади милијарди долари, еве кој профитираше најмногу


Петстотини најбогати луѓе во светот станаа побогати за рекордни 2,2 билиони долари (2,2 илјади милијарди) во 2025 година, со што нивниот вкупен имот достигна неверојатни 11,9 билиони долари. Податоците доаѓаат од индексот на милијардери на Блумберг, а главните двигатели на растот се изборната победа на Доналд Трамп во 2024 година и силниот раст на пазарите […]

„Карфур“ го напушта полскиот пазар


Полскиот малопродажен пазар е во превирања по медиумските извештаи дека познатиот малопродажен синџир „Карфур“ има намера да ги продаде своите продавници во земјата. Неодамна, полското Министерство за земјоделство му препорача на министерот за државен имот да ѝ дозволи на националната група за храна „КГС“ да ги преземе операциите на францускиот трговец на мало „Карфур“ во […]

Бафет официјално се пензионира


Ворен Бафет ги предаде уздите на Беркшир Хатавеј по шест децении на чело, во едно од најзначајните корпоративни наследства на една генерација. Потпретседателот на Беркшир, Грег Абел, 63, ја презеде функцијата извршен директор во четврток, оставајќи го скромниот штитеник на еден од најпаметните инвеститори во историјата да ја води компанијата во развој. 95-годишниот Бафет го […]

Од денеска поскапува струјата, од 2,45 отсто во првиот блок до 3,84 проценти во четвртиот


Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13:00 до 15:00 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за […]