Од патарини лани биле наплатени над 67 милиони евра, М-ТАГ ќе биде достапен и во малопродажба


 Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). – Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и […]

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура


Од денеска стартува пилот фазата за проектот е-фактура со којшто треба да се минимизира ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури. Како што информира неодамна директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова, избран е модел со модерно решение усогласено со меѓународни стандарди и барања, кое за компаниите ќе биде лесно за примена и интеграција […]

По повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран


После повеќе од 60 години аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран, информира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран, објави на својот фејсбук профил Николоски.   Изминатава година […]

Димитриеска-Кочоска ветува одговорно управување со јавните финансии


Годината што ја оставаме зад нас беше година на сериозна работа, внимателни одлуки и јасна цел – стабилизирање на јавните финансии и заштита на економската сигурност на државата и на граѓаните. Во 2026 година продолжуваме со одговорно управување со јавните финансии, поддршка на економскиот раст и создавање услови за нови инвестиции, порача министерката за финансии […]

Гувернерот Славески со идеја за национална мрежа на банкомати, за граѓаните полесно да дојдат до готовина


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во гостувањето на поткастот „Финсајт“ со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк“, истакна дека иницијативите на Народната банка за намалување на банкарските провизии веќе даваат конкретни резултати и дека граѓаните и компаниите постепено ги чувствуваат придобивките, додека за каматните стапки се очекува натамошен надолен тренд. Гувернерот посочи дека токму […]

„Дизни“ се согласи да плати 10 милиони долари за случајот со собирање податоци за деца на „Јутјуб“


Продукциската куќа „Дизни“ се согласи да плати 10 милиони долари за решавање на случајот за непрописно управување со податоци за деца на „Јутјуб“, соопшти Министерството за правда на САД. Видеата на Дизни се меѓу најпопуларните на „Јутјуб“, со милијарди прегледи само во САД. Според официјалното соопштeние, Федералниот суд одобрил договорен налог за решавање на случајот […]

УЈП потпиша договор за стабилен и сигурен систем за пресметка и наплата на даноци и придонеси


На 30 декември 2025 година во просториите на Управата за јавни приходи – Генерална дирекција Скопје, беше потпишан трипартитен договор за развој и надградба на веб-сервиси и информациски системи, со кој се воспоставува клучната дигитална и институционална инфраструктура за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на РСМ“ бр. 104/25). Договорот […]

Мукаетов: Нашиот највреден ресурс се луѓето!


Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, во новогодишното обраќање се осврна на предизвиците во 2025 година, како и на претстојната 2026 година во која компанијата слави 90 години од нејзиното основање.  Неговото обраќање ви го пренесуваме во целост: „Почетокот на 2025 година помина во контекст на засилените глобални геополитички предизвици, како и на регионалните случувања, […]

Половина од домашниот буџет „го јадат“ храната и пијалоците, повеќе се троши за алкохол и тутун отколку за здравје, рекреација, култура и образование


Половина од домашниот буџет лани се трошел на храна и безалкохолни пијалоци, додека на алкохолни пијалаци и тутун се трошеле повоќе отколку за здравје, рекреација, култура и образование заедно. За облека и обувки се издвојувале повеќе средства околку за покуќнина, опрема за куќа и одржување. Во просек од тројца членови на домаќинството во работен однос […]

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе


Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле […]

Богатите од Азија се свртуваат кон Швајцарија


Швајцарските приватни банки ги прошируваат своите тимови фокусирани на Азија, по порастот на препораки и барања од регионот во последните две години. Банкарите велат дека азиските семејни канцеларии и ултра богатите поединци сè повеќе ги преместуваат своите пари во Швајцарија, барајќи директни врски и рај за средствата, вклучително и физичко злато во трезорите. Клиентите сакаат […]

Инфлацијата во Словенија забрза на 2,7 проценти


Потрошувачките цени се зголемија за 2,7 проценти во декември во споредба со претходната година, по зголемувањето од 2,3 проценти во ноември и 1,9 проценти во декември минатата година. Дефицитот на општата влада се намали во третиот квартал од оваа година. Најголем придонес кон годишната инфлација, 0,8 процентни поени, имаа повисоките цени на храната и безалкохолните […]

Мета го презема Манус, агент за вештачка интелигенција со седиште во Кина


Мета соопшти дека го купува Манус, агент за вештачка интелигенција, во редок пример за американска технолошка компанија која стекнува врвна платформа за вештачка интелигенција со кинески корени. Во соопштението, Мета изјави дека ќе „управува и продава услугата Манус“ – високо софистициран дигитален асистент – додека ја интегрира својата технологија во сопствените производи, како што е […]

Испораките на руски гас за Европа паднаа на нивото од 1973


  Испораките на гас од „Гаsпром“ за Европа до 2025 година се намалија за уште 44 проценти, на 18 милијарди кубни метри. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на статистика од „Турски тек“, последниот оперативен гасовод што носи руски гас до европските земји. Количините испумпани на некогаш најголемиот пазар на „Гаспром“ паднаа на најниско ниво […]

УЈП со прекин на електронските услуги денеска по 16 часот


Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека денеска, 30.12.2025 година, со почеток од 16:00 часот, ќе има привремен прекин во функционирањето на електронските услуги кои Управата (УЈП) ги нуди кон даночните обврзници. Се очекува прекинот да трае до доцните попладневни часови, по што услугите повторно ќе бидат достапни. Управата за јавни приходи ги замолува […]

Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот, вели Николоски


Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра наменет за модернизација на ЖРСМ Транспорт. Според него, ова е […]

Каматата на кредитите во ноември 4,80 отсто, на депозитите 2,18 отсто


Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2025 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,56 п.п., соодветно и изнесува 4,80%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и оствари месечен пад од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,06 п.п, соопшти Народна банка. Во ноември, просечната […]

Индустриското производство во ноември помало за 2,8 отсто во споредба со истиот месец лани.


Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1.9 %, соопшти Државниот завод за статситика. Во ноември годинава, пак, во однос на ноември 2024 година има намалување од 2.8 %. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2025 година, во однос […]

Државниот завод за ревизија идната година ќе изврши најмалку 237 ревизии


Согласно утврдените критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, Државниот завод за ревизија во 2026 година планира да изврши најмалку 237 ревизии, и тоа: 217 ревизии на регуларност, 13 ревизии на успешност, 3 ревизии на усогласеност и 4 ревизии на спроведување на дадените препораки содржани во конечните ревизорски извештаи од претходниот период, […]

Потпишан Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра за набавка на електрични локомотиви за ЖРСМ „Транспорт“


Договор за заем меѓу МЖ Транспорт и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 20,9 милиони евра е потпишан денеска во Владата. Со заемот ќе се набавуваат електрични локомотиви со резервни делови, а целта е поголем транспорт на стоки и генерирање приходи на претпријатието.  Како што беше речено пред потпишувањето, проектот е […]