Состојба со Ковид-19 во светот до 10 часот


Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 157.203 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 5.839, а оздравени се 75.940. Австрија – Бројот на заразени со новиот коронавирус во Австрија се зголеми за повеќе од 100 од вчера попладне. Според Министерството за здравство, сегашниот број е 758. Вчера имаше 655 инфицирани до 15 […]

Хрватска ќе ги контролира цените на одредени производи


Загреб – Владата на Храватска синоќа донесе одлука за мерки за итна контрола на цените за одредени производи, вклучително и основни прехранбени производи, средства за хигиена, заштитна облека, медицински материјали и слично. На списокот се вклучени брашно, млеко, млеко во прав, јајца, шеќер, сол, ориз, тестенини, свежо месо, риба, овошје и зеленчук, конзервирано месо, конзервирана храна, […]

Вучиќ одлучува-вонредна состојба или војската на улица


Белград – Министерот за одбрана, Александар Вулин, синоќа побара од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на населението, изјавувајќи дека министерството доставило проценка за ризиците и заканите за безбедноста на Србија и нејзините граѓани, за што се потребни итни мерки од неговата надлежност. Според медиумите, претседателот Вучиќ, денеска […]

Од утре Албанија ја затвора границата со сите соседни држави


Од утре на полноќ Албанија ќе биде целосно изолирана. Премиерот Еди Рама најави дека копнената граница на Албанија ќе биде отворена само за транспорт на стоки. „Од утре, недела на 15 март на полноќ, 00:00 часот, целосно се забранува влез во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција за сите патници со автобуси, […]

Трет случај во Косово


Во Косово денеска е потврден нов случај на заразен од коронавирусот, така што бројката на лица носители на смртоносниот вирус се зголеми на три, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата на вонредна прес-конференција ја објави министерот за здравство на Косово Арбен Витиа, наведувајќи дека новооткриениот случај е член на семејството на 77-годишниот маж, кој […]

Италијанските лекари на крајот од силите


Рим-Речиси никој не можеше да ја предвиди здравствената криза што владее во Италија. Италија е една од осумте индустриски најразвиени земји во светот и една од најпопуларните туристички дестинации. Брзото ширење на коронавирусот ги затекна италијанските болници и лекари неспремни и сега претставува закана за целиот здравствен систем во Италија. Рим се пофали дека има […]

Нема шопинг и отворени казина и во Грција


Трговските центри, кафулињата, баровите, ноќните клубови, сите угостителски објекти, библиотеките, музеите и археолошките локалитети, спортските објекти, салоните за убавина, студијата за тетовирање, казината и обложувалниците, кината и театрите, луна паркови, борделите, од денеска ставаат клуч на врата во Грција во следните 14 дена со одлука на грчката Влада да ги заостри мерките и да спречи […]

Косово ги затвора кафулињата и трговските центри, го прекинува јавниот превоз, од 16 март и авиолиниите


Владата на Косово по вечерашната вонредна седница, на која ја разгледа ситуацијата во земјата во врска со коронавирусот, одлучи од утре да се затворат кафулињата, сточните и авто-пазарите и трговските центри, а од понеделник, 16 март, да се прекинат и сите авиолинии во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Албин Курти, по вонредната […]

Во Хрватска заразено дете во градинка од коронавирус


Информативната служба на Градот Загреб соопшти дека од коронавирус е заразено едно дете во градинка во хрватскиот главен град. Градинката ќе биде затворена 14 дена, а 119 деца и шеснаесет вработени ќе бидат во самоизолација. Родителите, чии деца ја посетувале градинката, во моментот се известуваат за мерките кои се должни да ги преземат. Во Хрватска […]

Во Италија уште 240 починати од корона вирусот за еден ден


Италијанскиот весник „Ла република“ вечерва ги објави новите податоци од епидемијата на корона вирусот кои покажуваат дека за последниве 24 часа бројот на мртвите се зголемил за 240 лица. Со тоа бројот на починатите од почетокот на епидемијата се искачи на 1.266. Според овие податоци, бројот на заболените се зголемил за повеќе од 2.000 лица […]

Коронавирусот брзо се шири во Словенија – вкупно заразени 141 лице


Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие новoзаразени вкупната бројка на инфицирани се зголеми на 141. Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината. Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба. […]

Грција: Уапсени сопственици на приватни училишта – држеле часови по забраната за работа


Поради држење приватни часови и дополнителна настава за учениците, и покрај владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, во Грција се уапсени пет лица во три различни случаи, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од грчката полиција, во областите Епир и северна Грција бил уапсени тројца сопственици на приватни училишта за […]

„Остануваме дома“ – кампања на грчката Влада во справувањето со коронавирусот


Грција– Под слоганот „Остануваме дома“, министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, преку неговите профили на „Твитер“, „Фејсбук“ и „Инстаграм“, доцна синоќа започна кампања на социјалните мрежи за да се спречи ширењето на коронавирусот, кампања која наиде на голем одѕив од граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. -Остануваме дома. Најефективната мерка за ограничување на епидемијата, […]

Во Бугарија прогласена вонредна состојба поради Ковид-19


Бугарскиот Парламент едногласно гласаше да биде прогласена вонредна состојба во земјата до 13 април за да се спречи ширењето на новиот  коронавирус, откако бројот на потврдени случаи се искачи на 23. За време на вонредната состојба, патувањето до и од земји со голем процент на заразени ќе биде забрането, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени, […]

Короната ја затвори границата меѓу Албанија и Косово до 15 март


Косово– Косовскиот Национален центар за менаџирање на границата (ЌКМК) објави дека од утрово во шест часот е забранет влезот на граѓани и возила од Косово во Република Албанија, како дел од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението на ЌКМК се наведува дека таквата одлука ја […]

Борисов бара воведување вонредна состојба во Бугарија поради Ковид-19


Бугарија – Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека Владата ќе побара од Парламентот да прогласи вонредна состојба во државата поради ширењето на новиот коронавирус. Во таа земја, бројот на заболени нагло синоќа се зголеми од седум на 23, а едно лице почина. – Владата ќе побара од Парламентот да воведе вонредна состојба што ќе овозможи да […]

Србија привремено затвори 44 гранични премини поради корона вирусот, меѓу кои и кон Македонија


Поради појава на корона вирусот Србија привремено затвори 44 гранични премини за патен, железнички и речен сообраќај, кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини. Како што јави дописникот на МИА од Белград, кон Северна Македонија, затворени се граничните премини Прохор Пчински и Голеш […]

На „ХРТ 3“ од понеделник ќе се емитува наставна програма за учениците


Од понеделник на третиот канал на Хрватската радио-телевизија ќе се емитува само образовна програма наменета за учениците. Програмата ќе се вика „Училиште на третиот канал”, а за воведување ваква програма одлука донесе хрватската Влада во соработка со Јавниот радиодифузен сервис. Ваквиот вид програма се воведува да се спречи неконтролираното ширење на корон авирусот, а таа […]

Брнабиќ: Пензионерите во Србија ќе добијат еднократна парична помош поради корона вирусот


Српската Влада донесе мерки за да ги спречи негативните ефекти на корона вирусот врз економијата и стопанството, а со одлуката на Народната банка на Србија (НБС) да ја намали референтната каматна стапка на 1,75 проценти, одлучи да инвестира дополнителни 24 милијарди динари во проекти за капитална инфраструктура, изјави денеска на прес конференција премиерката Ана Брнабиќ. […]

Во Црна Гора уапсено едно лице поради ширење лажни вести за новиот коронавирус


Полиција уапси едно лице под сомнение дека ширел лажни вести и на тој начин предизвикал вознемиреност на јавноста, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора. Црногорскиот весник „Вијести“ објави дека е уапсен Миливој Брковиќ поради ширење лажни вести за присуство на новиот коронавирус во Црна Гора. Брковиќ на својот Фејсбук профил напиша дека има информација […]