Во Србија 24 новозаразени, еден починат


 

Во последните 24 часа во Србија направени се 4.372 тестови од кои 24 се позитивни, објавија здравствените власти.

Во Србија регистрирани се вкупно 11.454 случаи, а вкупно се тестирани 252.132 лица кои ги исполнувале критериумите.

Во болница се 475 пациенти, додека на респиратор се десетмина.

Вкупно излечени се 6.724 пациенти.

Во последните 24 часа почина едно лице од корона вирус, а вкупниот број починати е 245.