Грција се подготвува за летото. Дали некој сака да оди таму?


На земјата очајно ѝ се потребни туристите за да спаси важно парче од својата економија. Владата ги презема сите мерки да ги привлече туристите, но прашање е дали тие повеќе ќе се потпрат на стравот или на желбата за одмор на грчките плажи

 

Атина – Грците се очајни за одмор. Вашиот одмор.

Земјата се коцка дека Европејците сепак ќе сакаат сонце и море, откако со месеци се наоѓаат затворени поради корона вирусот и сака луѓето да знаат дека е повторно отворена за бизнис. Но, големото прашање е: ќе дојде ли некој?

„Отвораме со нашиот систем уште посилно, со тоа што ги зајакнавме нашите ресурси во областите што ќе добијат повеќе туристите за да можат да се справат со секој можен настан“, рече министерот за туризам Хари Теохарис во интервју за „Политико“.

Теохарис рече дека летната пауза ќе биде потребна по тешкото искуство со пандемијата и Грција е подготвена да ја понуди „без да ги доведе во опасност граѓаните и гостите“. Тој не сака водачите на ЕУ да им кажат на луѓето да останат дома. „На европско ниво, оваа тактика и логика нема смисла. Европа треба да се гледа себеси како ентитет“.

Грчката влада минатата недела објави дека секторот за туризам постепено ќе започне со повторното отворање од 15 јуни, порано од првично планираното, и нема да наметне задолжителна карантин или тестови (иако ќе се извршат случајни тестови). Исто така, најави намалување на даноците за да го направи одморот поевтин.

Критичарите велат дека е премногу ризично повторното отворање додека луѓето ширум Европа сè уште умираат од Ковид-19. Бројот на загинати во Грција изнесува 175.

Но, за многу Грци, туристичкиот сектор е толку важен па има малку избор. Туризмот сочинува повеќе од една четвртина од економското производство на Грција и обезбедува вработување за околу една четвртинаод работната сила, според Светскиот совет за патувања и туризам. За време на врвните периоди, туризмот учествува со околу 44 отсто од вработеноста, покажуваат податоците на Институтот на грчката туристичка конфедерација.

Туристите и локалните жители на прошетка во квартот Плака во Атина снимени на 23 мај

Земјата штотуку излегуваше од децениската рецесија кога ја погоди пандемијата, заканувајќи се да ги уништи придобивките остварени по три санации и тешките мерки на штедење. Европската комисија очекува дека грчката економија ќе биде најтешко погодена од пандемијата и падот ќе биде 9,7 проценти во 2020 година, главно поради нејзината зависност од туризмот.

Теохарис рече дека оние кои се загрижени за ризиците ги потценија чекорите што ги презеде владата, бидејќи земјата ќе ги отвори своите граници само за државите што добиваат зелено светло од нејзините водечки епидемиолози и Агенцијата за безбедност во воздухопловството на Европската унија. Грција ќе ги олесни ограничувањата на патниците од повеќето локации низ целиот свет на 15 јуни, исклучувајќи 35 држави наведени како „висок ризик од пренесување“ од ЕАСА. Патниците од овие земји – во кои спаѓаат Франција, Соединетите Држави, САД, Шпанија, Италија, Белгија, Индија и Јужна Африка – по пристигнувањето сè уште ќе бидат предмет на задолжителни тестови и карантински мерки.

„Стравот е разбирлив, го доживеавме кога решивме да ги отвориме училиштата или други дејности, при што луѓето се плашат од зараза или втор бран. Тоа не се случи. Ние преземаме внимателни чекори за да не се случи втор заклучување кон средината на летото“, рече тој.

Земјата првично размислуваше да побара негативен тест на Ковид-19 од посетителите извршени до 72 часа пред да се качат во авион. Теохарис рече дека имало промена на планот бидејќи „Европа многу се подобрува со сите земји што се поврзани едни на други и паѓаат ризиците“.

„Нашите здравствени протоколи се многу строги“, рече тој, додавајќи дека ќе има доктор“ во секое сместување (со повеќе од 50 легла) за да се осигура дека туристите се чувствуваат безбедно. Знаеме дека оваа година дури и мало здравствено прашање ќе биде поврзано со страв од корона вирусот. Ова лесно може да го уништи празничниот дух, затоа лекарот е потребен за дополнително чувство на сигурност“.

Медицински сестри и доктори се испраќаат на популарните острови и ќе добијат специјална обука за справување со итни случаи поврзани со корона вирусот, рече министерот. Островите ќе бидат поделени во категории – низок, среден и висок ризик – во зависност од тоа колку е лесно да се добие пристап до здравствени услуги.

Оние што работат во секторот за туризам се обидуваат да се подготват за најнепредвидливото во сезоната. Минатата година 34 милиони туристи се упатија кон летувалиштата во Грција, а Грците сочинуваат само 10 проценти од тој број, покажуваат податоците на „Делоит“.

Владиниот портпарол Стелиос Пецас рече дека земјата „започнува од нула“.

„Што и да се добие, ќе биде успех. И ние ќе сториме сè што можеме за да добиеме поголемо парче од многу помалата туристичка пита “, рече тој.

Некои острови, како што е Кос, се потпираат на масовен туризам, при што огромните хотели обично се преполни со туристи. Кос, исто така, е еден од првата линија на егејските острови кои имаат прилив на мигранти и бегалци, а во 2017 година земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди островот, при што загинаа двајца и предизвика огромни штети.

„Островот пречека 1,3 милиони посетители минатата година, сега мора да се прилагоди и да го претвори својот туристички модел за многу кратко време и во многу ризичен и непредвидлив период. Се чини како многу тешка загатка “, рече Јоргос Сегредос, кој поседува бар на плажа во Агиос Фокас, Кос. Тој имаше 15 вработени минатата година, сега работи со двајца од нив за да се подготви за повторно отворање.

Островот Кос лани привлече 1,3 милиони туристи. Сега бара начини како да ја спаси сезоната

Во април 2019 година, 7.148 лица беа ангажирани да работат во секторот за туризам на Кос, според Сегредос, кој исто така е генерален секретар на локалното здружение на сопственици на ресторани и кафеани. Во истиот месец оваа година, бројот беше шест.

„Ова е многу непостојана и ризична година, немаме идеја што нѐ чека пред нас“, рече Христос Едиароглу, сопственик на ресторанот „Солено“ на плажа во Парос, остров во Егејот. „Постои оптимизам заради многу доброто управување што го имавме како земја во справувањето со корона вирусот и некои наши редовни клиенти од Соединетите Држави, Белгија, Франција веќе изразија интерес за доаѓање.“

Тој рече дека локалното население може да се плаши од нова зараза, но повторното отворање е прашање на преживување.

„Островите не ја доживеаја повеќедецениската финансиска криза, секогаш имаше влезен туризам и пари. Оваа зима ќе биде најтешка“.

Многу хотелиери сè уште не одлучиле дали ќе се отворат за деловни активности, затоа што можеби нема да можат да се прилагодат на трошоците на реалноста со Ковид -19. Покрај нивните вообичаени трошоци за работење, тие исто така треба да се справат со новите правила за хигиена, помалку туристи и пократка сезона.

„Она што во моментот го доживуваме е здодевно чекање“ рече Григорис Тасиос, претседател на грчката федерација на хотелиери и сопственик на хотел 350 кревети во Ситонија, Халкидики. „Сето тоа ќе зависи од тоа дали туристите на крајот ќе бидат расположени да ја посетат и дали, откако ќе ја посетат, Грција ќе остане без корона вирус, без потреба од друго заклучување“.

Плажата во Акти Вулјагмени неколку денови по кревањето на рестриктивните мерки

Тој рече дека хотелиерите преговараат со Министерството за труд за измени во регулативата за вработување сезонски работници. Иако има интерес за туристите кои сакаат да доаѓаат од Балканот со автомобил, тој не одлучил дали повторно да го отвори својот хотел.

Дури и оние што сакаат повторно да се отворат се прашуваат каков вид туристичко искуство ќе можат да го понудат. На пример, не е јасно кога и под кои услови ќе се отворат ноќните клубови или малите барови.

„Сè ќе се направи малку поинаку. Мислам дека нашите гости ќе ја имаат безбедноста како нивна прва грижа и истото важи и за нас, за да ги заштитиме локалното население и гостите“, рече Теохарис, министер за туризам.

За Михалис Петридис, сопственик на клубот „Дом“ на плажата во Калимнос, ова би можело да биде најкатастрофалното лето во 30 години како го поседува клубот. Според новите правила, тој ќе може да дозволи до 100 луѓе во својот клуб истовремено, во споредба со 300 во минатото.

„Каква забава ќе биде ова?“, рече тој „Изгледа како да одиш во болница за да се забавуваш“. (Политико)