Грција „во војна со невидлив непријател“, од денеска затворени продавниците


Со исклучок на супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи, банките, пекарите, продавниците за миленичиња, месарниците, трафиките, доставата на храна, сервисите за поправка на автомобили, сите други останати продавници во Грција, од денеска ставаат клуч на врата и влегуваат на листата превентивни мерки на грчката Влада за да се спречи ширењето на коронавирусот, јави дописничката на МИА од […]

Тачи предложи вонредна состојба во Косово, владата е против


Претседателот на Косово Хашим Тачи најави синоќа, на вонредна прес конференција, дека ќе му предложи на Собранието да донесе одлука за прогласување вонредна состојба во државата поради ситуацијата со ширењето на епидемијата на смртоносниот вирус Ковид-19, меѓутоа овој предлог веднаш беше отфрлен од владата на Албин Курти. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, […]

Пицула бара Западен Балкан да биде дел од активностите на ЕУ против ширењето на Ковид-19


Група социјалисти и демократи во Европскиот парламент ги повикаа Комисијата и земјите-членки да ги вклучат земјите од Западен Балкан во преземените активности за борба против ширењето на коронавирусот во Европа. Европските социјалдемократи ја повикуваат ЕУ да ги искористи неискористените средства од претпристапните фондови (ИПА) во борбата против вирусот и да размисли за мобилизирање на други […]

Австрија и Западен Балкан заедно против Ковид-19


Австрискиот канцелар Себастијан Курц, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и премиерите на земјите од Западен Балкан одржаа денеска видео конференција, на која главна тема беше борбата против пандемијата на коронавирусот. – Оваа пандемија претставува голем проблем за секој поединец, општество и здравствените системи и покажува колку нашите општества и економии се поврзани, поради што мораме […]

Во Албанија бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 55 лица


Со потврдените четири нови случаи со корона вирус, во Албанија бројот на заразени со овој опасен вирус се зголеми на 55 лица. -Во последните 24 часа, тестирани се 42 сомнителни лица, меѓу нив и здравствени работници, од кои се потврдени 4 нови случаи на „Ковид -19“. До денес тестирани се 605 сомнителни случаи и потврдени […]

Заразените хрватски лекари криеле дека биле на скијање во Австрија


Хрватска– Шефот на Клиничко болничкиот центар Ребро во Загреб Анте Ќорушиќ изјави дека дел од лекарите кои се заразија со новиот коронавирус биле на скијање во Австрија, а по враќањето тоа го сокриле. – Ќе бидат санкционирани. Досега тројца се заразени, уште една личност ги чека резултатите од тестот. . Три проценти од вработените во […]

Безбедносните сили на Косово се мобилизираат поради коронавирусот


Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), генерал-потполковникот Рахман Рама, со кого разговараше за нивото на готовност на ФСК за да помогне во соочувањето со ситуацијата предизвикана од ширењето на вируост Ковид-19 во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи, како што соопшти неговиот кабинет, „побара од […]

Докторка од Марибор заразена со коронавирусот – голем број пациенти во самоизолација


Докторка која работи во мариборскиот Здравствен дом е заразена со корона вирусот, јави дописникот на МИА во Љубљана. Дека е позитивна на тестот е потврдено доцна синоќа, по што на сите пациенти кои имале контакт со докторката им е наложено да останат дома во карантин. Таа имала контакти со луѓе на 11 и 12 март, […]

Пецас: Веројатно е за Велигден да бидеме далеку од црквите


Во овој момент е веројатно Велигден да го славиме далеку од црквите, вели портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, во интервју за грчката телевизија „Скај“, објаснувајќи дека постои зголемување на случаите на Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. -Ние сме подготвени да ги продолжиме мерките што ги имаме преземено до сега. Кога […]

Во Бугарија со Ковид-19 инфицирани се 67 луѓе


Бугарија– Во Бугарија бројот на инфицирани со новиот коронавирус се искачи на 67 луѓе, што е за пет повеќе од вчера, изјави началникот на бугарскиот Централен оперативен штаб и началник на Воено-медицинската академија, генерал Венцислав Мутафчијски. Тој наведе дека поради редовите пред продавниците за храна во последните денови ќе му предложи на премиерот Бојко Борисов […]

Утре видео конференција за Западен Балкан


Австрискиот канцелар Себастијан Курц утре ќе разговара со шефовите на владите на Западен Балкан и со еврокомесарот Оливер Вархеји за понатамошните чекори на регионот кон ЕУ. Конференцијата, на која ќе учествуваат претставници на земјите од ЕУ, требаше да се одржи во Виена, но поради коронавирусот договорено е да се одржи преку видео-врска. Според соопштението на […]

Бројот на заразени со Ковид-19 во Словенија се искачи на 253


Бројот на заразените со новиот коронавирус во Словенија се зголеми за 34 лица и сега изнесува 253. До 14 часот вкупно се тестирани 6.712 лица, соопштија од Кризниот штаб за борба против вирусот. Сомнеж за повеќе заразени има во домот за стари лица во гратчето Шмарје При Јелшах, каде што престојуваат 70 пензионери. По наредба […]

Извоз на медицинска опрема од ЕУ на Балканот само со посебна дозвола


Европската Комисија денеска потврди дека и западниот Балкан ќе мора да добие посебни дозволи во случај на извоз на медицинска опрема од ЕУ кон регионот, како што е предвидено за било која земја вон ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го потврди портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, на прашање од австриски медиум […]

Словенија забрани продажба на заштитни маски, употребените да не се фрлаат в ѓубре


Словенечката Влада синоќа воведе забрана за продажба на заштитна опрема со цел да обезбеди доволно снабдување со маски за лице, санитарна и заштитна облека за здравствениот персонал и за спасувачите. Забраната стапи во сила веднаш со цел да се спречат понатамошните проблеми. Во Словенија и пред воведување на забраната, последните неколку денови немаше заштитни маски […]

Брнабиќ: Можен е и полициски час, ако се уште има толку луѓе по улиците


Српската премиерка, Ана Брнабиќ, изјави дека доколку не се почитува препораката на Владата постарите граѓани да останат дома, ниту една мерка од страна на Владата на Србија нема да донесе резултати, и да „доколку има уште толку многу луѓе на улиците“ најдрастичната мерка што ќе следи ќе биде воведување на полициски час. Брнабиќ на ТВ […]

Бројот на заразени од коронавирусот во Косово се зголеми на 13 лица


Министерот за здравство на Косово Арбен Витиа информира дека, според резултатите на тестирањата, во текот на минатата ноќ се откриени уште четири нови случаи на заразени од коронавирусот, со што вкупната бројка се зголеми на вкупно 13 носители на смртоносниот Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на својата страница на Фејсбук, Витиа […]

Вучиќ прогласи вонредна состојба


Србија вечерва прогласи вонредна состојба низ целата територија поради епидемијата на коронавирус, а претседателот Александар Вучиќ најави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш. „Одлуката не ја донесовме лесно, затоа што таа се носи во исклучителни околности. Србија денес е во војна против невидливиот злобен противник што нашата земја мора да го победи“, рече Вучиќ. […]

Расте бројот на заразени во Словенија


Бројот на заразени во Словенија се зголеми за 219 лица. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, најголем дел од заразените се на возраст од 30 до 49 години. Според статистика бројот на инфицирани мажи е еднаков со тој на жени. Кризниот штаб за справување со коронавирусот, предводен од премиерот Јанез Јанша, веќе одлучи […]

Грчката Влада затвора граници и воведува казна од 5.000 евра за „непослушни“ граѓани


Грција – Целосно затворање на границите со Северна Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, […]

Грција ја затвора границата со Македонија


Грција– Прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, е една од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министри од неговата влада, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, исклучок од мерката е пренесувањето на стоки и влез во Грција […]