Во Србија 74 нови случаи од Ковид-19, еден почина


 

Во Србија денеска потврдени се 74 нови случаи од корона вирус, а почина еден пациент, јавија српските медиуми.

Во последните 24 часа тестирани се 3.124 лица.

Вкупниот број заразени активни случаи во моментот е 437. На респиратор се 14 пациенти.

Вкупно се тестирани 269.185 лица, вкупниот број починати е 248, а излечени 11.056.