Во Хрватска нема новозаболени, почина една жена


 

Во полседните 24 часа нема новозаболени од корона вирус во Хрватска, објави Цивилната заштита.

Во Клиниката за инфективни болестив о Загреб починала една жена родена 1944 година, која имала и други заболувања, а во текот на лечењето била на респиратор.

Тестирани се вкупно 68.514 лица, од кои 247 во последните 24 часа.

Вкупниот број оздравени е 2.121, што е за осум повеќе во последните 24 часа.

Во болница се 10 пацинети, а двајца се на респиратор.

Вкупниот број починати во Хрватска изнесува 104.