Европол прифати воспоставување соработка со Косово


Управниот одбор на Европол на својата последна седница го одобри склучувањето Рамковен договор со агенциите за спроведување на законот во Косово, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, пренесе Слободна Европа. Договорот предвидува соработка меѓу Европол и косовската полиција, царината, даночната администрација и единиците надлежни за спречување на перењето пари во борбата против организираниот криминал, […]

Голем пожар на Света гора, се гаси од копно и од море


Голем пожар изби на Света гора во Грција. на `ртот Арапис, спроти Неа Рода. Пожарникарите се обидуваат да го изгасат од копно и од море. На местото на пожарот има 59 пожарникари со 20 водени носачи, како и три групи пешачки единици. Пожарот за сега не ги загрозува конаците и манастирите. Грчките медиуми објавија и […]

Заразени 73, а нема починати денеска во Србија


Во последните 24 часа регистрирани се нови 73 случаи на зараза со Ковид-19, а нема починати во соседна Србија. Ова е повторно благо зголемување на бројот на заразени за разлика од вчера кога имаше 71 нов случај. Вкупниот број регистрирани случаи е 12.175, а до сега починаа 252, објавени е на порталот covid19.rs. Досега тестирани […]

Вучиќ: Младите мора да соработуваат со првите соседи


Српскиот претседател Александар Вучиќ обраќајќи се на онлајн панел-дискусијата „Економски форум на Делфи“ за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ, изјави дека во голема мерка го цени пријателството на трите држави, Србија, Албанија и Северна Македонија, кои се на патот кон ЕУ и дека многу ја цени тешката, посветена работа на комесарот за проширување Оливер […]

Борисов: Нема да затвораме поради коронавирусот, до 30 јуни ќе ослободиме сè


Повеќе нема да затвораме градови и села, направивме се за да ги зајакнеме болниците, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на вонредната седница на Владата. – Коронавирусот веќе не е толку моќен како порано. Направивме се за да ги зајакнеме нашите болници, да ги лекуваме болните со лекови веднаш, рече Борисов. Според него, главна цел е […]

Британија ќе излезе од ЕУ, границите ќе ги остави отворени


Британската Влада се откажа од плановите да воведе целосни гранични контроли со ЕУ на 1 јануари, како резултат на пандемијата на коронавирус, пренесува „Фајненшал тајмс“. Според весникот, членот на кабинетот Мајкл Гоув прифатил дека деловните субјекти не можат да се справат со проблемите кои произлегуваат од пандемијата и во исто време да се обидат да […]

Неуспешна интерпелација против министер и сојузник на Јанша


Словенечката опозиција не успеа да изгласа недоверба на член на владата на премиерот Јанез Јанша, така што министерот за економија и вицепремиер Здравко Почивалшек останува на функцијата. Гласањето за смена на Почивалшек се одржа на маратонската парламентарна дебата. За смена гласа 37 членови на опозицијата, додека 51 члена на владејачките партии беа против. Интерпелацијата беше […]

Хрватски полицајци киднапирале и претепале мигранти, едниот останал инвалид


Група бегалци кои барале азил била злоставувана од хрватската полиција на границата со Босна и Херцеговина минатиот месец, соопшти денеска хуманитарната организација Амнести Интернешнл (АИ). „Шеснаесет лица од Авганистан и Пакистан биле киднапирани, претепани и врзани од страна на хрватски полицајци, кои потоа им размачкувале храна по раните“, соопшти Амнести по сведочењето на шестмина бегалци. […]

Во Србија 71 новозаразен, еден почина


  Денеска во Србија потврдени се 71 нови случаи од зараза со корона вирус, а почина едно лице. Со тоа вкупниот број заразени се искачи на 12.102, а од Ковид-19 починаа 252 лица. Во моментот во Србија активни се 488 случаи. Во полседните 24 часа тестирани се 4.932 луше, а вкупно до сега 291.996. На […]

Термички камери на железничките станици во Солун и Атина


Како дополнителна превентивна мерка за мерење на температурата како на патниците, така и на вработените, на железничите станици во Атина и Солун поставени се термички камери, јави дописничата на МИА од Атина. Камерите се поставени на иницијатива на управата на грчката железница и од утре ќе почнат да функционираат. Од грчката железница соопштуваат дека камерите […]

Милановиќ: Орбан сонува за унгарска Риека


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ жестоко го нападна денес унгарскиот премиер кажуваќи дека на Виктор Орбан не треба да му се верува кога тврди дека нема претензии кон делови од Хрватска. До тензиите меѓу двете земји дојде откако Орбан во саботата го откри споменикот на „Унгарската калварија“ по повод 100-годишнината од потпишувањето на договорот во Тријанон […]

Мицотакис: Не постои причина за предвремени избори


Приоритет во овој момент е реорганизација на земјата, нема причина за избори, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателите на локалните ограноци на Нова демократија, со што ги демантираше шпекулациите дека поради големата предност на партијата на истражувањата на јавното мислење, постои сценарио за предвремени парламентарни избори, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Жена од Косово, вратена од Сирија, обвинета за тероризам


Во Приштина денеска е поднесено обвинение против Албанка за тероризам за наводно пристапување во екстремистичката група Исламска држава во Сирија, јави Бета. Жената идентификувана само како В.И. во согласност со законите за приватност, заминала со сопругот во Шведска во ноември 2014 година, од каде воспоставиле врски со ИД, наведуваат обвинителите. Оттаму, тие, наводно, заминале за […]

Хрватска со два нови случаи на корона вирус


По неколкудневна пауза без заболени од корона вирус, во Хрватска денеска беа регистрирани два нови случаи, јавуваат тамошните медиуми. Едниот е од Град Скопје, иако официјално од таму излегоа со информација дека нема заболени во главниот град. Сепак, како што јавува Индекс, Град Загреб ги регистрирал случаите до 12 часот, а Националното тело подоцна, кога […]

Западниот Балкан би требало да биде изземен од забраната за патување во ЕУ


Во наредните денови треба да биде објавена препораката на Европската Комисија (ЕК) за отворањето на внатрешните и надворешните граници на ЕУ. Се очекува таа да препорача изземање на земјите од Западниот Балкан од забраната за патување што ќе важи за третите земји, јавува дописничката на МИА од Брисел. Препораката на Европската Комисија до земјите членки […]

Кон: Може да вратиме некои мерки, загрижува ситуацијата


Во Србија се зголемува бројот на новозаболени од корона вирус, па главниот епидемиолог Предраг Кон рече дека епидемијата не завршила, па може да се вратат некои мерки, како забрана за јавно собирање. Тој за „Блиц“ додава и дека ако дојде до втор бран, нема да има потреба од воведување вонредна состојба. Вчера, беа забележани 69 […]

Во Србија нови 66 случаи од Ковид-19, еден починат


  Според последните податоци, во Србија од последиците од корона вирус почина едно лице, а вирусот е потврден кај 66 луѓе. Во последните 24 часа тестирани се 5.015 лица, а корона вирусот е откриен кај 66 од нив. Активни се 432 случаи, а на респиратори се 14 пациенти. Од почетокот на епидемијата во Србија од […]

Словенија ќе вложи четири милиони евра за усовршување на образованието на далечина


Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација, јави дописникот на МИА од Љубљана. Како што соопшти словенечкото Министерството за образование, парите ќе бидат потрошен пред се за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4.220 компјутери за сите оние кои немаат или не се во […]

Вонредната состојба во Бугарија продолжена до крајот на јуни


Вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Ова го изјави денеска премиерот Бојко Борисов во Советот на министри. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот. – Мора да се навикнеме да живееме со овој вирус, рече Борисов. Главниот   државниот санитарен инспектор,   Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради […]

Лајчак ќе дојде во регионов


Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други прашања од Западен Балкан Мирослав Лајчак, ја имаше првата средба со сите членови на тимот со кој ќе работи во наредните месеци. Лајчак на Твитер соопшти дека се сретнал, по првпат, со сите членови на неговиот тим од Брисел за дијалог меѓу Белград […]