Милановиќ: Орбан сонува за унгарска Риека


Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ жестоко го нападна денес унгарскиот премиер кажуваќи дека на Виктор Орбан не треба да му се верува кога тврди дека нема претензии кон делови од Хрватска.

До тензиите меѓу двете земји дојде откако Орбан во саботата го откри споменикот на „Унгарската калварија“ по повод 100-годишнината од потпишувањето на договорот во Тријанон со кој Унгарија изгубила две ретини од територијата.

Голема Унгарија на споменикот опфаќа делови од денешни Хрватска, Србија, Словенија, Словачка, Австрија, Романија и Украина, со наведени 12,5 илјади градови, села и општини кои до 1920 година биле дел од унгарскиот дел на Австро-Унгарија, иако главно никогаш немале унгарско население.

Хрватска поради тоа ѝ изрази протест на Будимпешта, но премиерот Андреј Пленковиќ подоцна кажа дека Орбан во телефонски разговор го уверил дека нема никакви претензии кон хрватската територија.

„И мене како Пленковиќ ме уверуваше дека сѐ е во ред, но ако еднаш те измами, тој е крив, но ако те измами вторпат – ти си будала“, им кажа Милановиќ на новинарите.

„Знаеме кој е Орбан и што заговара, а тоа не е ништо добро“, додаде тој. „За среќа тоа не е голема и моќна држава, која била и на наша страна, но тоа било толку одамна што повеќе не се важи“.

Орбан по преземањето на власта во 2010 почна наметлива „национална политика“ чија цел е единство на Унгарците по она што го смета за „парчосување на државата“.

Неговата склоност кон Голема Унгарија дојде до израз и која објави карта која вклучува делови од Хрватска, последен пат во мај пред испитот на матурантите по историја.

Милановиќ смета дека од Будимпешта постојано стигнуваат „жалби и поплаки“ дека Унгарија била оштетена со Тријанонскиот договор и дека тоа е трагедија на унгарските народ и држава.

„Ако некој треба да кука бидејќи по изгубената војна останал стеснет на многу мал простор, тоа се Германците, нив навистина ги има многу на мал простор. Но, не го слушате тоа од Германија. Тоа го слушате од овој кој сонува за унгарски Риека, Трансилванија“, кажа Милановиќ.

„Има и во Хрватска луѓе кои мислат дека Хрватска треба да биде до Дрина. Само нека мислат. Има и во Хрватска луѓе кои мислат дека затоа што во Унгарија Хорват е најчестото презиме дека Будимпешта треба да биде хрватски град. Но тоа е глупост“, додаде хрватскиот претседател.